Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Асад вели дека нема да падне неговата влада

ДАМАСК - Сирискиот претседател Башар Ал-Асад изјави дека неговата влада не е во опасност да падне и покрај неколкумесечните протести. Во интервју за државната телевизија, тој рече дека решението во Сирија е политичко, но насилството треба цврсто да го решат безбедносните сили. Асад рече дека се прават чекори за воведување повеќепартиски систем, а избори би можеле да се одржат во февруари.

Во интервју од неделата, Асад предупреди дека каква било странска воена интервенција лошо ќе заврши за оние што ја извршуваат. „Каква било акција против Сирија ќе има поголеми последици отколку што тие можат да толерираат“, рече претседателот. „Прво, поради геополитичката локациј�� на Сирија и, второ, поради сириските капацитети“. Тој, исто така, изјави дека опонентите на режимот се' повеќе прибегнуваат кон насилство, извршувајќи напади врз војската, полицијата и врз другите безбедносни сили.

Интервјуто беше четврти јавен настап на Асад откако започнаа протестите. Тоа следеше откако делегација на ОН пристигна во Сирија за да ги процени хуманитарните потреби. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 23.08.2011 08:35:37
Cudno e kolku izjavite im se identicni na site dosega sto padnaa,a i ovaj verovatno ke padne.
Од: ?!
Датум: 23.08.2011 12:43:30
Не треба да си многу школован за да се свати дека и тој ке падне,или уште некој.Но какви ѓоа школовани ќе ги заменат.Е навистина треба добро да си школован за да разбереш.Што после нивното устоличување?!
Од: Грујо или Асад?
Датум: 23.08.2011 15:51:35
Така и им треба кога не доаѓаат во Македонија- земја обеќана за диктатори, терористи, криминалци, арамии, разузнавачи( читај шпиуни), кодоши и неработници ! Сите разлини имаат еден излез- надвор од државата! Туку што мисли Груевски за овие работи во Сирија, е тоа би ви било интервју бестселер!

Најди! во Утрински
Свет
Триполи е речиси освоен
Грција пред есенско будење од летниот сон
Ново заострување меѓу двете Кореи
Шестмина загинаа при паѓање на два мали авиона
Убиен градоначалник на руски град

"""