Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Ново заострување меѓу двете Кореи

Сеул - Северна Кореја им нареди на сите работници од Јужна Кореја за 72 часа да го напуштат заедничкото корејско одморалиште. Претставник на севернокорејските туристички власти изјави дека Пјонгјанг, исто така, забранил префрлање на јужнокорејските сметки од заедничкото одморалиште, кое се наоѓа во Северна Кореја, познато како Дијамантска Планина. Одморалиштето се наоѓа северно од меѓукорејската граница, на источното крајбрежје на Корејскиот Полуостров. 

Одморалиштето, кое досега беше управувано од двете држави, се сметаше за симбол на двете корејски држави по војната на Корејскиот Полуостров во 50-тите години од минатиот век. Тоа беше отворено во 1998 година, но десет години подоцна престана да функционира, откако јужнокорејска туристка беше убиена од севернокорејски војник. Посетите на Јужнокорејците на одморалиштето беше единствена можност за нив да стапнат на територијата на Северна Кореја. Овие туристички патувања на Пјонгјанг му донесоа милиони долари. (МИА)


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Триполи е речиси освоен
Асад вели дека нема да падне неговата влада
Грција пред есенско будење од летниот сон
Шестмина загинаа при паѓање на два мали авиона
Убиен градоначалник на руски град

"""