Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Грција пред есенско будење од летниот сон

Царот на грчката економија, Евангелос Венизелос, панично бара спроведување на договорот за нова финансиска помош

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Расте исчекувањето на грчката јавност за традиционалното обраќање до јавноста на премиерот Јоргос Папандреу. Домашната и меѓународната јавност со исчекување ќе гледаат кон Солун за време на првиот септемвриски викенд и традиционалното големо обраќање на премиерот Јоргос Папандреу кон нацијата за време на отворање на меѓународниот саем. Со што ќе ја „шокира“ јавноста грчкиот премиер се' уште е непознато, но без сомневање фокусот ќе биде само кон економските реформи во државата.

Додека граѓаните и политичарите полека се враќаат од летните одмори, грчките медиуми веќе создадоа хаос околу тоа дали ќе се одржи традиционалниот говор или, пак, Папандреу ќе се задржи само на политички средби и конференција за печатот. За викендот на неколку медиуми одекна веста дека Папандреу се откажал од идејата за големиот говор, делумно поради страв од поголеми безредија кои се типични за време на премиерските посети на Солун во септември. Минатата година Папандреу за влакно го избегна ударот од чевел кој кон него го фрли еден гневен граѓанин, а неколку часа подоцна стана и инспирација за видеоиграта „Погоди го Папандреу“. Ваквите коментари за откажан говор ја разбрануваа јавноста со коментари дека грчкиот премиер веројатно нема ништо ново да каже или, пак, се' уште нема смислено со што да ја шокира јавноста.

Како што пишува „Катимерини“, викендот 10-11 септември кога е отворањето на Саемот и говорот на Папандреу се предвидува дека ќе биде пеколен. Вообичаените протести се очекува да бидат помногубројни од досегашните, засилени од членови на грчките синдикати од целата држава. Меѓутоа, освен синдикалците, во Солун се очекува да пристигнат илјадници граѓани кои под иницијативата „Огорчени граѓани“ два месеца мирно и упорно протестираа секојдневно во Атина, Солун и ред други грчки граѓани. Весникот пренесува дека солунскиот градоначалник Јанис Бутарис со отворени раце ќе ги дочека штрајкувачите, меѓутоа со молба да го почитуваат градот без протестите да се прелеат во неконтролиран хулиганизам и насилство и уништување на градот.

Како што шпекулираат грчките медиуми, и покрај неизменетиот став на грчкиот премиер за предвремени избори, најголемата опозициска партија Нова демократија работи на избирање и составување кандидатски избори листи. Извори од партијата за медиумите тврдат дека нивниот лидер Адонис Самарас повторно јасно ќе побара предвремени избори. Освен Самарас цврсто зад идејата за предвремени избори стојат и опозициските партии од левицата, за кои се коментира дека зад завеса разговараат меѓусебно за коалицирање на потенцијалните предвремени избори. Упорноста со која партиите го бараат ова од Папандреу делумно е заснована на фактот дека грчкиот премиер веќе се откажа од функцијата во моментите кога со Самарас преговараа за формирање заедничка техничка влада за спас на државата, план што пропадна за само неколку часа откако информацијата протече во грчките медиуми.

Аналитичарите коментираат дека причината зошто не би требало да се очекуваат предвремени избори, главно, е финансиската помош од ЕУ и од ММФ, кои очекуваат од Грција да се врати во калапот на стабилна држава, која работи на остварување на договорените реформи и спроведување на мерките за штедење. По видливата пауза во политичкото работење за време на август, од владата се очекува во периодот од септември до ноември да покаже дали навистина ќе си остане на зборот и ќе покаже силна рака во спроведување на реформите што се неопходни за исплаќање на ратите од европскиот кредит за Грција. Следната недела се очекува во Атина да пристигнат претставниците на тројката ММФ, ЕУ и ЕЦБ за проверка на напредокот на грчките реформи заради исплаќање на шестата рата од кредитот.

Грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос, во тек на подготовките за средба со тројката викендов испрати писмо до претседателот на ЕЦБ, Жан Клод Трише, комесарот Оли Рен и европските министри за финансии со барање целосно и итно да се усвои и спроведе договорот за финансиска помош на Грција, но и Ирска и Португалија, кој беше договорен меѓу министрите на еврозоната точно пред еден месец. Со договорот на ЕУ, самитот беше одлучено да се одобри нов кредит од 110 милијарди евра за Грција, меѓутоа дел од државите како што се Холандија, Словенија, Австрија и Словачка се двоумат за спроведување на планот по билатералниот договор меѓу Грција и Финска за обезбедување од колатерална штета за делот со кој ќе учествува Финска во новиот финансиски пакет.




#
Статијата е прочитана 801 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 23.08.2011 09:01:11
Kolku zemji Grcija ke vlece zad sebe, vo propast? Da sme vo EU, i nie ke bidime del na samoubistvo. I se toa za da se spasi edna vestacko stvorena drzava so koja Evropa ja unistuvala Makedonskata istorija i nasledstvoto. Grcija nema pravo da prodava Makedonska zemja na Kina, ili bilo koj, za da izleze od krizata, koja ne postoi po principot na ekonomska taksa i rabota vo sekoja zemja. Ne samo Grcija. Ova sto e sega e glupost, i plan na unistuvanje na se sto e nase.

Најди! во Утрински
Свет
Триполи е речиси освоен
Асад вели дека нема да падне неговата влада
Ново заострување меѓу двете Кореи
Шестмина загинаа при паѓање на два мали авиона
Убиен градоначалник на руски град

"""