Убиен градоначалник на руски град
Москва - Градоначалникот на рускиот град Сергиев Посад, кој се наоѓа во близина на Москва, е застрелан вчера во близина на домот во кој живеел. Непознато лице пукало во Евгениј Душко во момент на излегување од зградата каде што живеел. Според полицијата, најверојатно, станува збор за нарачано убиство. Градот е 60 км северно од Москва и туристите го посетуваат поради големиот број споменици, меѓу кои и резиденции на руски кнезови. (МИА)
|