Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Триполи е речиси освоен

Бунтовниците навлегуваат од сите страни во либискиот главен град. Гадафи упорно се брани од своето упориште

ТРИПОЛИ - Тенковите и снајперистите на либиската влада вчера даваа повремен, последен отпор во Триполи, откако бунтовниците го зазедоа центарот на главниот град, поздравени од луѓето што го прославуваа крајот на 42-годишното владеење на Моамер Гадафи. Лидерот Гадафи (69), кој бараше цивилите да земат оружје в рака против бунтовничките „стаорци“, изјави во аудиопорака дека се наоѓа во градот и оти „ќе бидам со вас до крај“. Но, немаше големи знаци на спротивставување од народот за бунтовничката офанзива, двајца синови на Гадафи беа заробени, а не е познато каде тој се наоѓа.

Дописниците на Ројтерс јавуваат дека бунтовничките сили ловат вешти снајперисти од зграда в зграда. Спорадичните престрелки и гранатирања беа причина цивилите да не излегуваат на улиците и нетрпеливо да чекаат да завршат борбите, по кусиот излив на радост во неделата навечер. „Револуционерите се позиционирани насекаде во Триполи“, изјави висок претставник на бунтовниците во градот, под името Абдулрахман. „Но, силите на Гадафи се обидуваат да дадат отпор“.

„Насекаде има вооружени престрелки“, додаде тој, истакнувајќи дека владините тенкови се во акција во близина на медитеранското пристаниште на Триполи и во центарот во близина на комплексот Баб ал-Азизија на Гадафи. „Снајперистите се главен проблем. Има голем број жртви“, рече Абдулрахман.

Светските лидери не се сомневаат дека по шест месеци честопати неизвесен бунт, поддржан од воздушните сили на НАТО, очајната и фракциска бунтовничка алијанса ќе преземе контрола врз северноафриканската пустинска земја и нејзините огромни нафтени резерви. Некои предупредуваа на ризик од подолга, анархична граѓанска војна, по најкрвавиот бунт од Арапската пролет, инспириран од соборувањето на автократите во Тунис и во Египет. Паѓањето на Гадафи, исто така, би можело да даде нов импулс за опозициските групи на Блискиот Исток, особено во Сирија. „Времето истече“, рече Франко Фратини, министер за надворешни работи на поранешниот колонијален владетел на Либија - Италија, додавајќи дека силите на Гадафи сега контролираат само од десет до петнаесет отсто од главниот град.

Лејла Џабад (36), која работи во градинка во Триполи, изјави за Ројтерс откако пристигнаа бунтовниците: „Ќе бидеме ослободени од владеењето на тиранинот. Тоа е нешто ново за мене“.

Државната телевизија се чини дека се' уште е под контрола на силите лојални на Гадафи. „Моралот на нашите војници е висок“, рече презентерот. Но, детските програми ги заменија воената музика и сликите на Гадафи што со месеци доминираа во етерот.

Во координиран чекор на бунтовничките ќелии во главниот град и напади на неколку фронта, во саботата навечер во Триполи се одвиваа некои од најжестоките борби во војната. Претставник на владата изјави за Ројтерс дека загинале 376 лица на двете страни, а околу илјада се повредени, иако не е познато како се добиени податоците. Доцна навечер во неделата граѓаните се собраа на Зелениот плоштад, кој долго време беше место за личен култ на лидерот, мавтајќи со бунтовнички знамиња. Некои велеа дека ќе го преименуваат во Плоштад на мачениците. Но, вчера изутрина портпаролот на бунтовниците, Нури Ехтиви, изјави дека тенкови и пикап-камиони со автоматско оружје излегле од комплексот Баб ал-Азизија на Гадафи. „Тие пукаа неодредено во сите насоки, кога и да слушнеа истрел“, рече тој.

Американскиот претседател Барак Обама и другите западни лидери бараат од Гадафи да прифати пораз и да се подготви за соработка со бунтовниците - иако не се знае идното раководство на Либија. Европската унија, чии земји-членки во последниве години решаваа спорови со Гадафи во замена за енергетски снабдувања, ја поздравија „новата ера“: „Ние сме сведоци на последните моменти од режимот на Гадафи“, изјави комесарката за надворешни работи на ЕУ, Кетрин Ештон. Таа побара од бунтовниците да не ги решаваат сметките со крв, да ги почитуваат човековите права и брзо да се движат кон нова демократија.

Јужноафриканската Република, водечка сила на континентот на која Гадафи и' посвети голем дел од богатството, како и од влијанието на Либија, негираше дека испратила авион за Гадафи или дека планира да го заштити лидерот кој е обвинет за злосторства против човештвото од Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Шведскиот премиер, Фредрик Рајнфелд, изјави: „Ние ја следиме историјата“. Но, тој го наведе крвавиот епилог на соборувањето на Садам Хусеин во Ирак и предупреди: „Постои ризик за одмазднички акции и неконтролирано насилство“. Во Кина и во Русија, двете моќни критичари на војната на НАТО, што започна во март како поддршка за бунтовниците, официјални лица се согласија дека Либија, веројатно, има нови господари. Во Пекинг, пак, Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе го почитува изборот на народот.

Двајца синови на Гадафи, вклучувајќи го Саиф ал-Ислам, кој некогаш се сметаше за наследник и потенцијален пријател на Запад, се заробени од бунтовниците. Но, не е познато каде се наоѓа Гадафи, еден од владејачките лидери во светот со најдолг стаж. Тој упати две аудиопораки преку државната телевизија, ��овикувајќи ги Либијците да се борат против бунтовниците. „Се плашам дека ако не реагираме, тие ќе го запалат Триполи. Ќе нема веќе вода, храна, електрична енергија или слобода“, рече тој.

Но, отпорот за бунтовниците исчезна. Во близина на Зелениот плоштад млади луѓе ги палеа зелените знамиња на владата и ги поставуваа бунтовничките тробојни знамиња, што последен пат ги користеше постколонијалната монархија, која Гадафи ја собори со воен удар во 1969 година. Многу жители на Триполи добија текстуални пораки од бунтовничкото раководство, во кои се вели: „Господ е голем. Му честитаме на либискиот народ за паѓањето на Моамер Гадафи“.

Гадафи, енергичен и честопати брутален автократ, рече дека ги отвора продавниците за оружје за да се вооружат цивилите. Неговиот портпарол, Муса Ибрахим, предвиде насилнички пресметки со бунтовниците. „Во Триполи ќе биде направен масакр ако сега победи едната страна, бидејќи бунтовниците дојдоа со омраза и со крвна одмазда“, изјави Ибрахим во неделата. „Дури и ако лидерот си замине или сега се повлече, ќе има масакр“.

Обама, кој е на одмор на островот Мартас Вајнард, во својата изјава истакна: „Најсигурен начин за запирање на крвопролевањето е едноставен: Моамер Гадафи и неговиот режим треба да признаат дека на нивното владеење му дојде крај. Гадафи треба да ја признае реалноста дека тој веќе не ја контролира Либија. Треба да се откаже од власта еднаш засекогаш“.

По граѓанската војна што долги периоди беше ќор-сокак во пустината, бунтовниците се натпреваруваа во Триполи, со внимателно организиран бунт што почна во саботата ноќта, да се совпадне со напредувањето на бунтовничките трупи на три фронта. Борби избувнаа по повикот за молитва од џамиите.

Најстариот син на Гадафи, Мохамед, им се предаде на бунтовничките сили, јавуваат извори за Ројтерс. Во телевизиското интервју Мохамед рече дека вооружени луѓе ја опколиле неговата куќа. Тој изјави во телефонски разговор за Ал Џезира дека тој и неговото семејство не се повредени.

Само пред пет месеци силите на Гадафи требаше да го уништат бунтовничкото упориште Бенгази на Далечниот Исток од огромната и ретко населена северноафриканска држава со шест милиони жители. Тогаш тој предупреди дека ќе „нема милост, сожалување“ за своите опоненти. Неговите сили, рече тој, ќе ги гонат. (Ројтерс)

Каде е Гадафи

ЛОНДОН - Моамер Гадафи, кој се децении уживаше да се перчи пред јавноста со својата раскош, исчезна од сцената кога бунтовниците го зазедоа неговото поранешно упориште Триполи. Бунтовниците сакаат да го фатат, како и Меѓународниот кривичен суд. Но, тие прво мора да го најдат.

Гадафи не е виден во јавност од средината на јуни. Неговите непријатели шпекулираат дека можеби не е во главниот град или дури ни во земјата. Како што се зголемуваше успехот на бунтовниците, неговите долги телевизиски говори на бучните јавни средби им отстапија пат на телефонските повици од непознати места.

Во текот на 41-годишното владеење, Гадафи создаде култ на личноста, а неговиот имиџ беше овенчан во знамињата и постерите низ цела Либија, додека неговата филозофија се објаснуваше во „Зелената книга“. Тој се претставуваше како татко на нацијата и на меѓународната сцена како борец против колонијализмот и поборник прво за панарапските, а потоа за панафриканските интереси.

Францускиот министер за надворешни работи, Ален Жипе, чија влада е во првите редови на меѓународните напори за соборување на Гадафи, изјави вчера дека Париз не знае каде се наоѓа тој. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Лондон нема потврда за местото на наоѓање на Гадафи. Ако побегнал од Триполи, можно засолниште би бил Сирте, регионот каде што е роден и каде што се' уште би можел да најде некаква поддршка и симпатии.

Во еден момент во почетокот на бунтот, Велика Британија соопшти дека се смета оти тој е на пат кон Венецуела, поздравен од неговиот пријател Хуго Чавез. Тоа се покажа лажно, но изминатата недела гласиштата дека авион од Венецуела се наоѓал на аеродром во Либија ги обновија шпекулациите дека се упатил на тој излез.

Ако се' уште е во Триполи, веројатно е во бункер во воен комплекс. Двајца негови синови, Саиф ал Ислам и Мохамед, веќе се заробени, но неговите лојални сили вчера се' уште даваа жесток отпор на неколку места во градот. Другиот син, Ал Мутасин, како што јави телевизијата Ал Арабија, се наоѓа во комплексот Бап ал-Азизија во Триполи.

Во првите неколку месеци од бунтот, надмениот 69-годишен лидер имаше неколку спонтани и често пати бизарни појавувања во јавноста во Триполи за собирање поддршка и изразување пркос. Еднаш се појави во возилото за голф, облечен во кафеава бедуинска наметка и високо држејќи чадор. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 1083 пати.

Испрати коментар

Од: ez- mani
Датум: 23.08.2011 00:41:13
da gi spasish civilite vo libija e golem human gest,no da gi bombardirash so avijoni i za nauruzhana platenichka banda da kazhu vash gi baranam civilite ne vozmozhno e da go prifati zdravijot chovechki um kako vistina,pa zgora nad toa ovije natovci celo vreme bombardiraa i gi obuchuvaa buntovnicite,za na kraj ovaa vecher bez nikakov sram od lazhenje da se kazhe ,nato ne im pomogna na buntovnicite.zastrametese malu od svoite narodi goga davate vakvi izjavi.
Од: jovan
Датум: 23.08.2011 00:52:42
Super. Neka im e so sreka "demokratijata".Sega vo slednite 20 godini ke se iznaslusaat lagi, ke se iznagledaat kradenje od nekolku familii, ke gi dadat najubavite zgradi na stranski banki za da im plakaat kamati, naftata ke ja dadat na koncesija na stranski firmi, zatoa sto taka treba, pa tek posle sve ke go baraat "diktatorot. Takov raj i blagosostojba vidovme nie ovde na Balkanov. Ako vaka i se zavrsi, dobro ke pominat, no ako prodolzat sega i so graganska vojna megu sebe(a ke prodolzat) togas, epten ke se usrekat so demokratijata koja ke im ja donesat. Neka im e so sreka uste ednas.
Од: zulum
Датум: 23.08.2011 01:52:06
"очајната и фракциска бунтовничка алијанса ќе преземе контрола врз северноафриканската пустинска земја и нејзините огромни нафтени резерви" Nema greshka!! Se znae koj ke prezeme kontrola vrz naftenite rezervi. Pa treba li SAD da se vadi od ($150.000.000.000) dolgovite. Duri i na amerikanskite gragjani im e jasna ovaa igra iako se glupi ko top.SAD i EU se najgolemiot shljam vo svetot, ne mi e jasno kako im veruvate.
Од: vistina
Датум: 23.08.2011 03:32:42
Sevo ova e ludilo na zapadot N.A.T.O postoi da gi braniinteresite na Amerika koja vlada ne e pee pesnata na Amerika taa paga za da dojde nova koja ce ja slucha kako ce kaze Amerika.
Од: jani
Датум: 23.08.2011 10:02:17
Dolu diktaturi ! Samo koj kazuva koi se a koi ne se diktaturi?
Од: sebastian
Датум: 23.08.2011 10:05:11
„диктатурата“ му нудеше на народот реални работи - бесплатно образование и здравство, вработување, ефтино гориво, сопствен стан... „демократијата“ ќе им даде илузија за слобода во која нема да имаат ништо од тоа што имале претходно...

Најди! во Утрински
Свет
Асад вели дека нема да падне неговата влада
Грција пред есенско будење од летниот сон
Ново заострување меѓу двете Кореи
Шестмина загинаа при паѓање на два мали авиона
Убиен градоначалник на руски град

"""