Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон

ММФ и' нуди на земјава кредит до 400 милиони евра,
а СБ поддршка од 150-200 млн. евра

Александрија Стевковска


Со договорени близу 600 милиони евра поддршка за македонската економија за наредните четири години, македонската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, се враќа задоволна од средбите со ММФ и со Светска банка за време на Годишното собрание на овие две институции во Вашингтон.

„Двете институции искажаа подготвеност да и' помогнат на Македонија во следниот период побрзо да излезе од кризата и да оствариме повисок економски развој. Во таа насока, посебно е значајно што двете институции за време на разговорите ветија дека со 600 милиони евра ќе ја помогнат Македонија, од кои ММФ со 400, а СБ меѓу 150 и 200 милиони евра, зависно од проектите што ќе се договорат“, изјави вицепремиерот Ставрески.

Меѓународниот монетарен фонд и' понуди на Македонија 400 милиони евра, отворена кредитна линија со камата од 1,3 отсто. Станува збор за нов инструмент на Фондот кој има цел да им помогне на земјите со здрава економска политика за полесно справување со кризата и ова е прв пат ММФ да понуди релаксиран кредит без ригорозни обврски.

„Кредитот би се наменил за справување со околности предизвикани од неочекувани тешкотии и треба да обезбеди сигурност во случај на земјата да и' е потребен поголем заем. Во случајов, тоа се 400 милиони евра, со што би се поддржала економската политика на државата“, изјави шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Вес Мекгру, по разговорите со македонската делегација.

Според Ставрески, новиот инструмент е инструмент на сигурност, а средствата што ќе и' бидат ставени на располагање на земјата, доколку дојде до таков договор, се петпати поголеми од квотата на Македонија во ММФ, кои земјава ќе може да ги користи, но не мора.

„Задоволни сме зашто Македонија е прва земја со која Фондот разговара за овој нов инструмент, односно е прва земја која потенцијално би можела да го добие тој нов инструмент, што е наменет за земји кои имаат здрави економски политики и кои според Фондот водат добри макроекономски политики“, истакна Ставрески.

Во следната фаза, додаде тој, ќе треба дополнително да се разговара за деталите, што ќе биде познато на следната посета на ММФ на Македонија.

Понудата на ММФ ќе биде оценета од Владата заедно со експертската јавност и со стопанствениците, а доколку Македонија се реши за неа, средствата би се користеле за реализација на владината политика за капитални инвестиции, за буџетска поддршка, како и за отплата на долгот кон странство.

Експертите оценуваат дека ваквата понуда државата не смее да ја одбие, бидејќи е исклучително поволна и претставува добар рецепт државата да престане да задолжува дома. Исто така, ова е прифатлива варијанта и за стопанствениците кои во неколку наврати изминатиот период побараа покривањето одредени средства во буџетот да се вршат преку надворешни задолжувања под поволни кредитни услови, а не преку домашно задолжување со издавање записи.

Освен понудата на 400 милиони поволен кредит, македонскиот министер за финансии се враќа од Вашингтон и со 150-200 милиони евра поддршка од Светска банка за наредните три години. Со овие пари би се поддржале проекти од областа на енергетиката, но и буџетот.

„Договорено е во првата година да се финансираат проекти во енергетиката, а тоа е далноводот од Штип до Ниш и да има буџетска поддршка за Македонија, што е одраз на тоа дека СБ ги оценува за добри политиките што ги водиме. Ќе има и еден мал проект за осигурување од климатски промени, поплави и слично, што претставуваше проблем досега кога стануваше збор за осигурување на земјоделците. СБ има нов проект, односно дизајнирано нов инструмент што ќе помогне полесно да се осигуруваат имотите“, најави Ставрески по средбата со потпретседателот на СБ за Источна Европа и Централна Азија, Филип Леру, и со директорката на СБ за Македонија, Џејн Армитаџ.

Тој додаде дека за следниот период се очекува да се подготви и проектот за изградба на Луково Поле, повторно во областа на енергетиката. „Од наша страна беше побарано и СБ одговори позитивно да се забрзаат и да се зголемат проектите во енергетиката, бидејќи тоа е една од клучните области за Македонија и за развојот на земјата и задоволен сум што добивме од банката потврда дека ќе учествува во овие проекти заедно со Владата“, рече Ставрески.


#
Статијата е прочитана 2795 пати.

Испрати коментар

Од: Кемал Ататурх
Датум: 12.10.2010 12:29:29
Опа бато ќе има уште нови споменици
Од: Itar Pejo
Датум: 12.10.2010 12:57:05
Ovie pari da ne se odobreni vednas posle izjavata na Milososki za promena na imeto?
Од: Stojna
Датум: 12.10.2010 13:57:39
I ova se samo pusti zelbi i prazni vetuvanja na koi se naviknavme. Stavrevski i vooci izborite veti kredit od svetska banka od 80 milioni dolari za izgradba i rekonstrukcija na inftastruktutata, no kako sto gledame nisto od toa. Pa i vo ovie izjavi mnogu ne veruvame dodeka ne vidime so svoi oci deka nesto se pravi.A, ako e ova zaradi zapocnatite objekti- eden kup, za koi sigurno nema pari da se zavrsat togas tesko nas.Vo sekoj slucaj mora da gi pamtime vetuvanjata.
Од: biljana
Датум: 12.10.2010 14:23:13
"ovie pari se davaat na zemji so zdrava ekonomska politika "ovaa izjava na celnicite na svetska banka i mmf"- se kazuva -komentar ne e potreben i za rabotata i za aftoritetot koj go uziva Stavreski..
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 12.10.2010 14:32:09
Да беше жив ДАНТЕ ќе отвореше, утре, не задутре, уште еден КРУГ во ПЕКОЛОТ за оние што ќе ги враќаат овие “неочекувано“ ПОВОЛНИ КРЕДИТИ!
Од: gv
Датум: 12.10.2010 14:37:18
Neli ne vi trebase MMF,celo vreme opozicijata davase nasoki deka treba da se raboti so MMF.Golem ekonomista e ovoj Stavre./
Од: CITATEL OD PRILEP
Датум: 12.10.2010 14:47:00
AMI STO KE PRAVIME SEGA SO REJTINGOT NA DRZAVATA. KOGA SESM VELESE DA SE SKLUCI DOGOVOR SO MMF A NE OD KOMERCIJALNITE BANKI , SE PRAVDAVME SO ,, ZA REJTINGOT NA DRZAVAYA E DOBRO DA SE ZEMAT TAKVI KREDITI,, SEGA REJTINGOT NE E BITEN ILI I TIE NE PROCENIJA DEKA SME BANKROT.
Од: Трпе
Датум: 12.10.2010 15:59:40
Се плашам,кумот Ставре овие понуди да не ги изгуби попат.Не одамна и кога се фалеше ,кога се врати од Русија дека ке се гради гасовод во Македонија.Да не излезе пак ова тој а отвори уста и нешто каже веднаш да излаже.Многу е интересно кога тие зема кредити со високи камати а не сака од ММф со ниски камати.Сега со владата ке разгледуват дали да земат кредит со ниски камати.Ним не и одговарат контролори.
Од: exorcist
Датум: 12.10.2010 18:24:34
Treba detalno da se ispita za kakov aranzman se raboti, bidejki ova sto se kazuva vo javnost e laga.. zgora na seto sto parite ke se potrosat za finansiranje na smetkite na sdsm-dpmne, a drzavata ke se doazbodji..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.10.2010 18:30:30
Туф,туф пак се расипаа сметките а богами и политиканството.Сега имаме,,двоструки ексл,,како во уметничкото лизгање,јадиковки кој ќе ги враќа поволните кредити на опозициските коментатори.Пред тоа зошто не ММФ а сега тотална опозициона штама. А се било до тајмингот кој владата пред една год. изјави да нее време за земање кредит од ММФ,туку да дојдат подобри времиња.Останува само туфкањето.што некој однадвор има повеќе верба во иднината на нашата економија,инаку неби давале ваков кредит.
Од: realen
Датум: 12.10.2010 20:49:06
Super pozitivno vo opkruzuvanjeto - promena na imeto, nema nisto za djabe.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 13.10.2010 07:27:58
@ Felix ,Te gledam ne gi razbiras Rabotite:Ova e od Feix: :;што некој однадвор има повеќе верба во иднината на нашата економија,инаку неби давале ваков кредит Ajde, ajde ovie institucii se prifatni instituci ,sto davaat pari,a zad niv stoi Drzava.New World Order!-Krvo Pij\a! Ednas kogaj ce te zaborcat ,i za zivot ce ostanes Botclija na Niv ili kaj Niv BIRAJ!..
Од: Феличита
Датум: 13.10.2010 08:12:32
Значи власта,во ползечко-симулирачки стил си легна на брашното.А што станува сега со рејтингот на државата,поради барање ефтини кредити?А,овие лоши чичковци од ММФ не даваат пари за споменици,барат проекти!
Од: navI
Датум: 13.10.2010 09:08:40
Zar ima uste luge vo drzavava sto mu veruvaat na ovoj prevarant i manipulator. Navistina sme mnogu naiven narod.
Од: tatoo
Датум: 13.10.2010 10:05:47
Чудна состојба за патологија. Влада та е презадолжена дома , а сега се задолжува во странство. Не ми е јасно што е ова. Дали некогаш ќе ни стане јасно дека во Македонија моментално нема демократија, туку КЛЕПТОКРАТИЈА. Верувам и на најзадртите вмровци почнува да им станува јасно дека во моментот ѓаволот ја однел шегата. Македонија е донесена на работ на бездната. Оваа влада треба да си оди и сите одговорни безмилосно да се казнат !!!

Најди! во Утрински
Економија
Кредити има само ако има добар бизнис
Финансиските лидери не успеаја да ги решат валутните спорови
Од македонскиот ориз, само третина за Македонците
Продолжување на рокот за Грција
Лидер според висина на даноците






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia