Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Лидер според висина на даноците

Лондон - На заработувачка од 100.000 долари најголем данок ќе платите во Хрватска - 54 отсто, објави лондонски „Економист“, кој направи пресметка врз основа на податоците од јули годинава. „Економист“ направи анализа на даночните закони во 81 земја. Како што се очекувало, врвот на листата го зазедоа европските земји, а првото место по висината на даноците и' припадна на Хрватска.

На заработувачка од 100.000 долари, Хрватите мора да платат околу 54 отсто данок од кои поголем дел (околу 34 отсто) отпаѓа на данокот на доход, додека останатото се наплатува во придонеси, пренесе Интернет-порталот СЕЕбиз.еу. Најмногу простор за дополнително оданочување имаат земјите каде што се наоѓаат големи банковни центри или држави кои ја темелат својата економија првенствено на нафта. Европските држави, тешко можат себеси да си дозволат луксуз оптоварување на граѓаните со дополнителни даноци. На второто место на листата е Унгарија, чии граѓани на 100.000 долари профит вкупно плаќаат околу 48 отсто данок, односно околу шест отсто помалку од Хрватите. Во Унгарија, меѓутоа, се плаќа поголем данок на доход отколку во Хрватска, додека значително помалку се издвојува за придонеси. (МИА)


#
Статијата е прочитана 897 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кредити има само ако има добар бизнис
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Финансиските лидери не успеаја да ги решат валутните спорови
Од македонскиот ориз, само третина за Македонците
Продолжување на рокот за Грција






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia