Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Финансиските лидери не успеаја да ги решат валутните спорови

Глобалната економија и натаму се извлекува од најлошата рецесијa

Вашингтон - Светските финансиски лидери не успеаја да ги решат големите валутни недоразбирања, кои се закануваат да доведат до започнување вистинска валутна војна. Најостри несогласувања околу валутниот курс имаат САД и Кина. САД тврдат дека јуанот е потценет и ја повикуваат Кина да го остави курсот на својата национална валута да се зголеми.

„Голем број држави водат политика на девалвација на својата национална валута со цел да го зголемат извозот и да создадат работни места во една тешка економска ситуација“, сметаат учесниците на годишната средба на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, која заврши со коминике, во кое Фондот вети дека ќе ја задлабочи својата дејност во областа на движењето на валутните курсови.

Земјите-членки на ММФ ја повикаа оваа меѓународна финансиска институција да ја задлабочи својата работа во врска со прашањето за дисбалансите на светската економија, посебно меѓу курсовите на одредени валути, без да се договорат за конкретни мерки. Во склоп на овој проблем, извршниот директор на ММФ, Доминик Штрос-Кан, ги повика државите да престанат да го користат валутниот курс како средство за остварување на економската предност и се заложи за здружен напор во обновата на светската економија. „Глобалната економија и натаму се извлекува од најлошата рецесија од Втората светска војна и ако не се забрза отворањето нови работни места, младите луѓе нема да можат да се вработат“, изјави Штрос-Кан. „Економскиот раст се враќа, но сите знаеме дека е кревок и нерамномерен“, рече тој и предупреди дека прекинот на соработката меѓу државите ќе претставува посебна закана за закрепнувањето. Според него, без поголема соработка, глобалната економија и натаму ќе биде во проблеми и ќе се отворат малку нови работни места.

Шефот на ММФ потсети дека од почетокот на рецесијата во 2007 година во светот се изгубени повеќе од 30 милиони работни места. (МИА)


#
Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.10.2010 13:04:41
Mozat da "vojuvaat"kolku sakaat ,i so valuti i so raketi ako sakaat, no vojna nema da dobijat. Ova e samo pocetokot na nivniot nezapirliv pad. Ili ke se promenat i "vratat na tlo" ili idnite ekonomski sili(Kina, Indonezija, Brazil, Rusija,Indija, Turcija......)ke gi zgazat ekonomski. Nivniot osnoven problem e sto pogresno go vrednuvaat(precenuvaat) nivniot proizvod.

Најди! во Утрински
Економија
Кредити има само ако има добар бизнис
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Од македонскиот ориз, само третина за Македонците
Продолжување на рокот за Грција
Лидер според висина на даноците






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia