Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Интервју

Кредити има само ако има добар бизнис

Тони Стојановски, заменик-генерален директор за ризици во Стопанска банка

 

Соња Маџовска



Господине Стојановски, оваа година постојано расте бројот на ненаплатени побарувања, а тоа покажува дека и граѓаните и фирмите немаат пари. Колкав е процентот на ненаплатени побарувања во Стопанска банка и што преземате за да се подобри наплатата?

Во текот на 2010 година, споредено со претходниот период, наплатата на побарувањата од фирмите и од граѓаните се одвива отежнато. Очигледно е дека кризата неповолно се одрази на приходите на компаниите и на доходот на граѓаните и кај дел од нив предизвика тешкотии во редовното сервисирање на нивните обврски спрема банките. Според последните податоци објавени од страна на Народна банка на Македонија, нивото на нефункционални кредити на крајот на првото полугодие од 2010 година достигна речиси 10 отсто, што е раст од 3 процентни поени во однос на нивото од крајот на 2008 година. Тоа значи дека 10 проценти од износот на одобрените кредити од страна на банките се во доцнење над 90 дена. Кај Стопанска банка моментно стапката на нефункционални кредити на население изнесува околу 7 отсто, додека кај компаниите околу 9 проценти, исклучувајќи го нефункционалното кредитно портфолио креирано пред приватизацијата на банката. Следејќи ја нашата заложба да бидеме блиску до нашите клиенти, во постојана комуникација сме со граѓаните и фирмите кои се наши кредитокорисници. Како банка со најголемо учество на пазарот на кредити на население во Македонија, уште во септември лани воведовме програми за реструктурирање на кредитите на граѓаните, односно пролонгирање на рокот за отплата и намалување на каматната стапка итн., кои од различни причини се соочиле со финансиски тешкотии. Истото тоа го правиме и со компаниите, кои како последица на ефектите од кризата се соочија со ликвидносни проблеми.



Колкав е делот на наплатата што се одвива преку реализација на обезбедувањата по основа на хипотеки, залози и слично?

Наплатата на кредитите преку спроведување извршни постапки за реализација на хипотеките и другите заложни права е последниот чекор што се прави откако претходно се исцрпени сите можности за редовна наплата, вклучително и можноста за реструктурирање. Таквите случаи, согласно со Законот за извршна постапка, банката е должна да ги води преку овластени извршители. Во текот на 2010 година, банката има поведено околу 230 извршни постапки за наплата на своите побарувања преку реализација на обезбедувањето, чиј вкупен износ е само 3 отсто од нејзиното кредитно портфолио.



Процесот на строго одобрување кредити продолжува. Фирмите се жалат дека тешко доаѓаат до банкарските пари. До кога ќе трае овој процес?

Не можеме да зборуваме за строго или за помалку строго одобрување кредити од страна на банките. Нивното одобрување мора да се врши согласно со прудентните банкарски стандарди. Најголем дел од банките во Македонија се во сопственост на странски акционери, во голем број случаи странски банкарски групации кои овие стандарди на кредитирање ги применуваат во сите земји во кои се присутни. Истовремено, банките ја финансираат својата кредитна активност во најголем дел од домашното штедење. Притоа, нивна примарна функција е алокација на вака прибраниот финансиски потенцијал преку процесот на кредитирање во профитабилни проекти во економијата кои ќе можат да генерираат нови работни места и да ги вратат зајмените средства. Значи, и сега и во иднина, пари има за секој профитабилен проект, за секоја компанија која има профитабилен бизнис со конкурентни производи и услуги кои си го наоѓаат своето место на домашниот или на странските пазари. Може да се очекува дека трендот на зголемување на кредитниот раст до крајот на годинава ќе продолжи со умерена динамика.



Голем дел од добивките банките го издвојуваат за резервации токму за покривање на ненаплатените побарувања. Тоа го стори и Стопанска банка.

Последните новини што доаѓаат од Базел за зајакнување на рамката за адекватност на капиталот на банките неспорно покажуваат дека глобално веќе е започнат процес преку кој и во наредниот период треба да се очекува дека сигурноста и стабилноста на банките добиваат примат во однос на профитабилноста. Во таа насока, и покрај фактот што стапката на наплата е на задоволително ниво и фактот што најголем дел од кредитното портфолио е покриен со хипотеки, сепак, Стопанска банка, во текот на првата половина од годинава од остварената добивка од 16,2 милиони евра, издвои 14,5 милиони евра во резервации, со што направи натамошно зајакнување на својата сигурност и стабилност, а со тоа и јакнење на идниот потенцијал за кредитирање. На таа основа, за првите девет месеци од 2010 година, банката оствари добивка од 6,3 милиони евра и очекуваме дека ваквата забрзана динамика на зголемување на профитабилноста ќе продолжи и понатаму. Од почетокот на овој месец воведовме нов модел за услуга на клиентите, чија основна цел е да се подобри брзината и квалитетот на услугите. Притоа, согласно со сегментацијата на клиентите, ВИП, значајни и масовни клиенти, за првите две категории се воведува услугата на личен банкар кого клиентите ќе можат да го контактираат во секое време и за која било банкарска услуга што им е потребна да им бидат понудени најдобрите услови на банката. Во текот на овој месец, банката ја издаде и новата кредитна картичка „Виза голд“.



Зошто е важно да се имплементираат сериозни политики на ризик во банкарството?

Банките, како пазарни субјекти, во секојдневното работење се соочуваат со различни ризици, кои доколку не бидат препознаени и ставени под контрола, можат да предизвикаат значајни загуби, а во одредени случаи дури и нивно пропаѓање. За управувањето со ризиците во банките не се заинтересирани само акционерите и менаџерите на банките, туку и државите кои преку овластените супервизорски институции наметнуваат минимум стандарди врз чија основа треба да функционира системот за управување со ризици во секоја банка. Трендот што беше започнат и претходно, а по кризата продолжува со поинтензивно темпо, ќе биде зајакнување на функцијата на управување со ризиците во банките заради навремено идентификување, мерење, следење и контрола на сите ризици со кои се соочуваат во секојдневното работење и кои се рефлексија на околината која брзо се менува секојдневно. Стопанска банка, следејќи ги најновите трендови во светот на банкарството, воспостави посебна функција на управување со ризиците која е активно вклучена во процесот на секојдневно носење одлуки. Со тоа банката продолжува да го јакне овој систем во интерес на сите наши клиенти, а како најголема банка во Македонија, во интерес и на економијата во целина.


#
Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар

Од: exorcist
Датум: 12.10.2010 18:30:25
Kreditite tokmu treba da se davaat za da zazivee biznis klimata vo drzavata.. so ova samo se potvrduva politikata na dpmne-sdsm za sprecuvanje na biznis klima vo drzavata, a od druga strana se "finansiraat" firmi na zadaca od ovaa koalicija za da se perta pari na takov nacin.. Revizorite pred nekoja godina i otkrija slucajno vakov golem kriminal so nepostoecki firmi, od prilika bea 5000 prema nivnite naodi..

Најди! во Утрински
Економија
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Финансиските лидери не успеаја да ги решат валутните спорови
Од македонскиот ориз, само третина за Македонците
Продолжување на рокот за Грција
Лидер според висина на даноците






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia