Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ ФОТЕЛЈА

Изгорени од сонцето

РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Тезата дека во Македонија нема расизам поради тоа што во неа живеат незначителен број луѓе со поинаква боја на кожата падна во вода, ни помалку ни повеќе, туку на квизот „Милионер“ на Телевизија А1. Натпреварувачка од Тетово не знаеше од каде е по потекло таткото на Барак Обама, побара помош од пријател и тој и' го сугерираше точниот одговор дека родителот на новоизбраниот американски претседател е од Кенија. Додека таа се мислеше, водителот Сашо Мацановски-Трендо дискретно и' напомна дека станува збор за кандидатот на демократите, за кого италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја даде (не)славната изјава дека бил малку повеќе исончан. Тетовката реши да го послуша пријателот, по што Трендо ја праша за кого би гласала на изборите во САД кога би имала можност, а таа „патриотски“ го избра Џон Мекејн. Зошто? Затоа што Обама бил - исончан! Запрепастениот поглед на водителот и инстинктивното „опааа“ изгледа ја освестија каква вселенска мудрост истресе, па кутрата проба да се вади со дообјаснување дека републиканскиот кандидат бил подобар за Македонија.

Ова, за жал, не е единствен расистички испад на нашиве телевизиски канали. Во некои од директните преноси од националните фудбалски првенства, на пример, самонаречени спортски коментатори, за да се направат интересни, не се стеснуваат црномурните играчи да ги нарекуваат „ќумбиња“. Темата расизам, но свртена на шега и во крајно бенигна форма, е присутна и во многу популарната реклама на К-15 за минерална вода, кога црнецот Џими му реплицира на белиот шанкер (Тошо Малерот) со зборовите „ти, бе, да не си расист“, откако овој ќе му рече дека нема од водата што ја бара.

Не толку одамна, пак, тројца фудбалери од Камерун по слетувањето на скопскиот аеродром неколку дена беа задржани таму и потоа вратени назад. Несудените гастарбајтери беа дојдени на проба во еден овдешен клуб, но се погоди да пристигнат во екот на скандалот со нивниот африкански сожител Адамс, кој настапуваше за неколку фудбалски екипи во Македонија, а почина од сида. Камерунците ги имаа сите потребни документи, па, сепак, освен аеродромот, не видоа ништо од ветената земја за која им зборуваа менаџерите.

Нешто не ни се допаѓа муабетов? Скраја било и да се помисли на некаква генерализација, зашто ништо помал расизам не е и кога цел еден народ ќе се обвини за расизам. Целта е само да се укаже на тоа дека и потсвесното многу зборува за состојбата на духот, исто како и несолените шеги на сметка на „обоените“. Секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, посебно ако се има предвид ориентацијата на државава за интегрирање во конгломератот на нации, вери и раси наречен Европска унија.
















Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата
Во борба за геј-популацијата
Предизвикува тепачки и патува во вселената
Чарлиз Те��он, комплетна дива