НИКОЛ ШЕРЦИНГЕР
Предизвикува тепачки и патува во вселената
Никол Шерцингер, членка на популарната женска група „Пусикет долс“, која била незадоволна од квалитетот на звукот во клубот каде што одржувала концерт, предизвикала непријатна ситуација која за кратко време можела да прерасне во вистински судир. По првата отсвирена песна во холивудскиот клуб „Де випер рум“, пејачката го прекинала настапот на групата. Наводно, својот бес го демонстрирала со висок тон, при што на крајот дошло дури и до тепачка меѓу двајца мажи.
Во меѓувреме, Никол од своето момче Луис Хамилтон добила необичен подарок - билети за комерцијален лет во вселената. Првакот во Формула 1 толку и' бил благодарен на Никол што го придружувала во текот на штотуку завршената возачка сезона што одлучил да ја почести со патување во „Вирџин галактика“, вредно милион и двесте илјади долари. |