Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Чарлиз Терон, комплетна дива

На средбата во Каиро, на Филмскиот фестивал, оваа холивудска актерка беше едноставна и пристапна

СУНЧИЦА УНЕВСКА

Средбата со холивудската актерка Чарлиз Терон на Филмскиот фестивал во Каиро беше навистина пријатно изненадување. Бидејќи од гламурозна холивудска актерка, од голема ѕвезда која привлекува огромно внимание, не очекувате таква едноставност и пристапност во однесувањето како кај Чарлиз Терон. Интересно е колку оваа убавица се однесува приземно. На прес-конференцијата, која на големиот фестивал во Каиро се одржа во луксузниот хотел „Софител џезира“, а на која покрај Чарлиз Терон беа и режисерот и нејзин партнер Стјуарт Таунсенд и главниот актер од филмот „Битка во Сиетл“ Мартин Хендерсон, тие дојдоа со огромно задоцнување. Сосем необично беше тоа што откако прес-координаторот ги најави гостите, таа зеде збор и му се извини на огромниот аудиториум, објаснувајќи зошто задоцниле и дека и' е многу жал што присутните морале долго да чекаат.

За се', и за својата кариера, и за својот живот, и за својот однос со Стјуарт таа зборува многу едноставно, онака како што кој било од нас би го правел тоа. Таа раскажуваше дека ја сака глумата, но дека се' било толку неизвесно и нестварно. Но, токму нејзиниот пример зборува дека човек навистина мора да проба за да успее во нешто. Како ниедна друга ѕвезда, таа зборуваше за својата улога во новиот филм „Пат“, што ја прави многу задоволна иако има мала улога и нејзиното снимање за овој филм траело само три дена. Но, на Чарлиз и' е важно дека тоа е приказна која ја одушевува и таа е горда што е дел од неа, истакнувајќи колку е фантастичен Виго Мортенсен, кој во овој филм ја игра главната улога.

Една од египетските новинарки сакаше да и' подари на Чарлиз сувенир-пирамида, а оваа несекојдневна, но дефинитивно прекрасна актерка тоа го прифати многу добро, па на новинарката и' успеа да дојде до неа, да ја бакне и долго да ја држи прегрната и покрај огромното обезбедување. Чарлиз дури толку внимаваше што ниту едно прашање или дури и дофрлување не остана без одговор. Со респект кон сите што дошле, што сакале да ја видат и го „потрошиле“ своето време на тоа. Таа зборуваше многу едноставно дека во животот ништо не треба да се сфаќа здраво за готово, па ни славата, дека секој ден е нов ден и треба да се оди понатаму, да се фрла ѓубрето, да се чисти и пазарува. Што не го очекувате, нели, од една холивудска ѕвезда. Затоа кога на крајот таа се пошегува велејќи „да, јас сум комплетна дива“, многумина рекоа „навистина е“.


Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата
Во борба за геј-популацијата
Предизвикува тепачки и патува во вселената
Изгорени од сонцето