Во најновиот филм „Милк“, во кој главната улога ја толкува Шон Пен, се зборува за животот на геј-активистот и политичар Харви Милк, кој се трудел да ја прикаже суштината на хомосексуалната врска, како и правата на истата популација.
Пен му предложил на режисерот на филмот Гас Ван Сент, освен бакнежи, во филмот да бидат прикажани и експлицитни сцени, кои веќе претходно се видени во филмот „Кршенгрб Планина“.
Ваквата информација ја открил актерот Џемс Франко, кој во филмот го глуми неговиот љубовник. „Во оригиналното сценарио постоела само една сцена со бакнеж. По еден месец, режисерот Сент ми испрати ново сценарио во кое на петтата страница има целосно експлицитна љубовна сцена. Кога го прашав Гас од каде му е оваа идеја, тој едноставно одговори дека е дело на Шон“, појаснил Франко.