Брoj 2769  петок, 22 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонија покажа добар фудбал на мечот со Луксембург

Горан Пандев постигна два, а Гроздановски и Наумоски по еден гол против Луксембург

Емил Китановски

Фудбалската репрезентација на Македонија завчеравечер го положи последниот тест пред почетокот на есенските квалификации за СП, и во нерамноправен дуел оствари убедлива победа од 4:1 против аматерскиот состав на Луксембург. Пандев и другарите беа на висина на задачата во Луксембург, делуваа полетно, мудро и тактички комплетно го надиграа слабиот противник. Сепак, да не заборавиме дека според квалитетот кој што го поседува, составот на Луксембург, ниту оддалеку не може да се спореди со тимот на Шкотска, нашиот прв противник во квалификациите, па затоа оваа победа не треба многу да не залажува.

„Во одличен ритам одигравме две третини од натпреварот. Се' течеше според однапред договореното, и сите играчи беа на потребното ниво“, изјави веднаш по завршувањето на дуелот, селекторот Среќко Катанец. „Мислам дека доколку и на следните мечеви продолжиме да играме во ваков стил, не очекува светла иднина, и повеќе добри резултати на следните мечеви. Сега наш прв приоритет е дуелот со селекцијата на Шкотска, и сите сили треба да ги насочиме во тој правец“, заклучи словенечкиот стратег.

На првата поубедлива победа на еден пријателски меч одигран во гости прописно се изначекавме. Четирите голови во мрежата на Луксембург се добра причина за оптимизам во редовите на нашата селекција, меѓутоа и обврска повеќе за фудбалерите, за петнаесетина дена да не дозволиме лесно да го издевалвираме успехот од пред два дена.

Инаку, прва личност во нашиот тим на оваа средба беше Горан Пандев. Нашиот најдобар интернационалец постигна два гола, првиот во 6. минута по грешката на Хофман кога од само шест метри упати бомба кон голот на Жуберт, а вториот во 44. минута кога по неговиот шут од 16 метри топката закачи еден од домашните фудбалери, го смени правецот и заврши во мрежата на Луксембург. Останатите два гола за нашиот тим во апсолутната доминација на репрезентацијата на Македонија ги постигнаа Гроздановски во 33. минута по одличното двојно проигрување со Илчо Наумоски, и овој вториот во 49. минута кога одлично го искористи центаршутот на Пандев и со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на Жуберт.

Честа на домашната екипа ја спаси Китенге во 73. минута, кога го искористи центаршутот на Муч од левата страна и со прецизен удар го постави конечниот резултат 4:1 за репрезентацијата на Македонија.

Луксембург, стадион: Жози Бартел. Гледачи: 2.000, главен судија: Бругер (Австрија). Стрелци: Китенге 73 (Луксембург) и Пандев 6 и 44, Гроздановски 33 и наумоски 49. минута (Македонија).

Луксембург: Жуберт, Кинцингер, Грајсбуш (Саграмола), Хофман, Рајтер, Петерс, Страсер (Паја), Батмер (Китенге), Левек (Дамота), Јоаким (Жерсон), Муч.

Македонија: Милошевски (Пачовски), Новески (Вајс), Митрески, Седлоски, Попов (Петров), Лазаревски (Положани), Шумуликовски, Гроздановски, Пандев, Наумоски, Мазнов (Тасевски).


Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 22.08.2008 02:13:56
Grozdanoski a ne Grozdanovski! Bez "V"!!! Do koga ke se ucite???
Од: denis
Датум: 22.08.2008 08:45:45
do koga ke igrame so mnogo poslabi protivnici od nas,a navidum se podgotvuvame za iznenaduvane na ovie kvalifikacii??????????

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Млеко за истурање или за пиење
Сите основци нема да се запишат во средно
Повеќе пријавени стечајци отколку што има пари во Буџетот
Претходен број
Зденко
Нимиц имал две формулации за името
Граѓаните не сакаат да гаснат пожари ни за пари
Македонија е земја на големи поети
Задоволството на Циле
Колку Црвенковски е црн, а колку Груевски е црвен
Грчките и бугарските цариници спречиле влез на шест екипи Македонци од Грција и од Турција
Во „Систина“ и во „Ремедика“ тепачка за вештачко оплодување
Од Прашката пролет до Кадифената револуција
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.