Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Том Круз

Ќерката планира да му побегне

Најстарата ќерка на Том Круз и Никол Кидман едвај го чека 18. роденден, зашто планира да побегне од татка си, со кого живее под строги правила.

„Изабела не може да го дочека моментот кога ќе ги напушти татка си и маќеата Кејти Холмс, кај кои таа и брат и' Конор живеат под стаклено ѕвоно. Сестрата на Том, Кас, ги подучувала во куќата, а нивните дружења и излегувања со пријателите се строго контролирани“, изјавил извор запознат со состојбата на нештата.

Посвоената ќерка на бившиот славен актерски и брачен пар, наводно, сака да се пресели кај мајка си Никол Кидман во Нешвил. „Се чини дека на Изабела и' здодеа животот под толку строги правила, па и' рекла на мајка си дека сака да се пресели кај неа. Никол е воодушевена, но на Том тоа воопшто не му е право. Особено поради Кејти, која во неа гледа своја ќерка, најдобра пријателка и личност од доверба“, наведува истиот извор.

Се зборува дека Изабела сака да излезе од саентологијата, што би бил голем удар за нејзиниот татко, високорангиран во таа религиозна организација.


#
Статијата е прочитана 1469 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Среќен што умре октоподот Пол
Кoнцерт без влезници
Урнебес! Голи мажи и жени скокаат на сцена
Пијан заклучил проститутка во орман
Не се вратив во Гана поради љубовта






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000