Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Урнебес! Голи мажи и жени скокаат на сцена

Лондон се подготвува за премиера на шоуто „Un Peu de Tendresse Bordel de Merde“ во кое настапуваат 20 голи танчари

Кореографот што се опишува себеси како „непослушно момче“ во светот на танцот и чии претходни шоу-програми се карактеристични по сцените на симулирана мастурбација е пред изведување на својата работа пред британската публика. Дејв Сент Пјер ќе го има своето деби во Лондон следната година во „Садлер велс“, обелодени завчера извршниот директор на театарот, Алистер Спалдинг.

Во шоуто на Сент Пјер, „Un Peu de Tendresse Bordel de Merde“, настапуваат 20 голи танчари, мажи и жени, што скокаат низ сцената со перики како блондинки, а премиерата ќе се одржи во јуни. Оваа претстава прв пат беше изведена во Канада во мај 2007 година, а учтивиот превод на насловот би бил: „Малку нежност за гласно плачење“. Во нејзиниот опис стои дека ја води публиката на патување низ нивните емоции, додека изведувачите скокаат возбудени или, пак, лежат свиткани и поразени на подот, пред да дојде точката на кулминација во возбудливото финале“.

„Тоа е многу весела, многу забавна претстава што ги носи изведувачите до нивните крајни граници“, вели Спалдинг. „Не сме заинтересирани за шокирање на луѓето. Кога прв пат ја видов претставата, тоа беше како полетување на авион. Потребна ви е таа енергија“.

Во интервју во 2008 година тој изјави: „На луѓето им треба време да реагираат на мојот предлог. Ако луѓето уште на самиот почеток се налутат нема да слушаат. Некои луѓе немаат доволно толеранција да ризикуваат да слушаат. Тие, секако, не се обврзани да го сторат тоа, но како овие луѓе реагираат кога ќе се појават проблеми во животот? Дали едноставно им вртат грб на проблемите?“

Патем, едно од претходните шоу на кореографот чија премиера беше во Монтреал во 2004 година, исто така, содржеше сцени со мастурбација, а и дел од публиката навистина ја напушти претставата. (Индепендент)


#
Статијата е прочитана 1425 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 28.10.2010 13:39:04
Ги соопштуваме нашите ценети човеколики суштества,дека од денес па натаму се бришат од регистарот на деликти,сите постапки од ваква природа било да се правени,намерно или ненамерно,со или без умисла,тајно или јавно,во било кое време и простор,на сон или јаве,во театар или на улица,и дека сето што асоцира на ваков чин,се прогласува за нормална работа.Од денес може секој еден да прави што сака,без да се плаши дека ќе биде искористено тоа дело за негово дискредитирање во јавноста.Доста веќе со милениуми некој ни го ускратуваше правото на искажување на нашата животинска природа.Ако го имаме умот,незначи дека се друго од она што го имаат нашите опоненти,без ум и разум,ние не можеме да го имаме. Со почит! Координативно тело за заштита на човекот од товарот на моралните вредности! Да живее слободата! Да живее законот за дедискриминација!

Најди! во Утрински
Забава
Среќен што умре октоподот Пол
Кoнцерт без влезници
Ќерката планира да му побегне
Пијан заклучил проститутка во орман
Не се вратив во Гана поради љубовта






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000