Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Марадона

Среќен што умре октоподот Пол

Многумина со жалење ја дочекаа веста за смртта на Пол, октоподот што ги прогнозираше исходите на натпреварите на Светското фудбалско првенство. Но, не и Диего Марадона. Легендарниот фудбалер беше селектор на аргентинската фудбалска репрезентација во текот на Мундијалот на кој се прослави Пол. Мекотелот, кој хранејќи се од садовите на кои беа знамињата на репрезентациите што играат, точно ги прогнозираше сите осум натпревари на кои типуваше.

Еден од нив беше и натпреварот на германската репрезентација со аргентинската. Пол зеде храна од садот на кој беше германското знаме и така го „потпиша“ поразот на Аргентинците во четврт-финалето на натпреварувањето, кое заврши со 4:0 за екипата на Јоаким Лев.

И додека во аквариумот во Оберхаузен знамињата во вторникот беа обесени на половина копје, а вработените во книгата на жалоста пишуваа впечатоци за умрениот октопод, Мар��дона на својот ѕид на „Твитер“ напиша: „Мило ми е што си замина ти, морбиден октоподу. Нашиот пораз на Светското првенство е твоја вина“, се изјаснил Марадона.


#
Статијата е прочитана 1093 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Кoнцерт без влезници
Ќерката планира да му побегне
Урнебес! Голи мажи и жени скокаат на сцена
Пијан заклучил проститутка во орман
Не се вратив во Гана поради љубовта






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000