Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Калиопи

Кoнцерт без влезници

Со бесплатен концерт в сабота, на плоштадот „Македонија“, поп-дивата ќе го промовира новото музичко парче „Порака“

Катерина Шекеровска


Ниту дождот ниту ниските температури не претставуваат опасна закана за одржувањето на промотивната и роденденска прослава на поп-дивата Калиопи, закажана за 30 октомври на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Дури и да врне, тимот што стои зад македонската пејачка нема да ги разочара нејзините обожаватели и веќе има подготвено резервна варијанта. „Постои план Б, а него ќе го откриеме навремено, во случај на лоша временска прогноза. Засега најавите се дека ќе имаме добро време, а од петок се најавува и потопол бран“, велат од тимот на Калиопи.

Подготовките засега течат непречено и се' се одвива во најдобар ред. Зад концертот стои стандардната екипа на соработници на Калиопи, кои не' информираа и дека сцената ќе биде поставена пред Камениот мост. „Многумина се прашуваат како ќе изгледа сето тоа со оглед на градежните работи што се во тек. Верувајте има доста слободен простор , а за оние што ќе бидат подалеку од сцената ќе бидат поставени големи лед-екрани на кои ќе прикажува концертот“.

„Калиопи досега сите албуми ги промовираше концертно, но тие беа од затворен тип и со специјални покани, па многу луѓе остануваа надвор. Овој пат сакаше сите да имаат можност да присуствуваат, па така се поканети сите што ја сакаат или не ја сакаат Калиопи и нејзината музика“, велат од нејзината екипа.

Поводот за организирање на големиот концерт е двоен: промоција на новиот албум „Порака“ и прослава на десетгодишниот јубилеј на „Калиопи мјузик продакшн“. Во склоп на роденденот, до крајот на годинава, во декември се планира и одржување на специјална прослава на која Калиопи преку плакети и благодарници ќе им се заблагодари на своите најблиски соработници.

Саботниот концерт е предвидено да трае околу два часа, а на него покрај новите песни од албумот „Порака“, Калиопи ќе ги исполни и своите најголеми хитови. Заедно на сцената ќе биде и нејзиниот придружен состав „Бретлес бенд“, а се најавуваат и повеќе изненадувања, кои остануваат во тајност до денот на одржувањето. Единствено се знае дека првпат во живо Калиопи ќе го изведе дуетот со колегата Марко Возељ од Словенија, „Денот се буди“.

„Калиопи е многу возбудена и се радува на концертот и средбата со публиката што ја сака нејзината музика“, ни ги пренесе впечатоците во нејзино име нејзиниот сопруг и дел од екипата, Васил Зафирчев. Калиопи моментално е на релација Загреб - Белград, а во Скопје ќе пристигне непосредно пред концертот, кој ќе го снима и емитува А1 телевизија.


#
Статијата е прочитана 1193 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Среќен што умре октоподот Пол
Ќерката планира да му побегне
Урнебес! Голи мажи и жени скокаат на сцена
Пијан заклучил проститутка во орман
Не се вратив во Гана поради љубовта






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000