Брисел – „Европската комисија планира да ги укине визите за граѓаните на Македонија, на Србија и на Црна Гора“.
Ова, меѓу другото го изјави вчера во Брисел потпретседателот на Европската комисија и комесар за правда и внатрешни работи, Жак Баро.
Тој првпат на прес-конференција ги именува земјите за кои ЕК ќе предложи либерализација на визниот режим од почетокот на годината.
Предлогот за укинување на визите на 14 јули официјално ќе биде претставен од комесарот за проширување на Европската унија, Оли Рен, во Стразбур.
„Рен ќе ви ја соопшти радосната вест“, истакна Баро, додавајќи дека Македонија, Србија и Црна Гора вложија напор за исполнување на предусловите што ги постави ЕУ, како што се безбедност на документите, издавање биометриски пасоши, зајакнување на граничната контрола и борба против корупцијата. Баро наведе дека Албанија и Босна и Херцеговина се' уште не ги исполниле условите за укинување на визите. (МИА)
Vizite najavuvat deka ke gi ukinat od 2004 godina, taka da i ova treba da se primi so rezerva
Од: Gox
Датум: 10.07.2009 00:32:40
Aj da vidime sto se moze da vi tekne do 14-ti Juli...I da ni gi ukinat nema da veruvam deka ni gi ukinale :))) Ama stvarno mislam deka zasluzivme takov poteg,pa dosta ne driblaat 20 god. Ne deka ke se "ubieme" od setanje niz Evropa,ama barem nema da se osekame kako Dzeronimo i negovite kutri Apaci zatvoreni u rezervat pred 200 god. :) Uste u 2012 da si gi vratime delovite i da staneme United Macedonia :) Ima li Gospod,a ? :)
Од: nas'inec
Датум: 10.07.2009 00:50:17
Po moe mislenje; ako navistina se prekinat
vizite za Makedonija, prekinete gi pregovorite
so Grcite, nema nikakva korist povek'e da se
zboruva za nekakva pravic'na odluka so nimi!
Од: trajce
Датум: 10.07.2009 10:26:15
... небаре радосна вест од Витлеем ќе ни соопшти Олио. Каков „успех“ на нашата надворешна политика ... алелуја
Од: janev
Датум: 10.07.2009 12:50:53
A kako vcera da gi slusav defetistite deka moze nema da ni ja ukinat viznata bariera. Samo kolku da znaat ovie defetisti ovoj narod i ovaa drzava go zasluzija padot na barierite no ne zasluzija nekoj kvaziekspert da im prodava prikazni