Нимиц во август ги чека мислењата на властите во двете држави
Тамара Грнчароска
Државниот врв во средата вечерта заседаваше во Кабинетот на претседателот на Македонија, разгледувајќи го новиот предлог кој посредникот од ОН во спорот со името, Метју Нимиц, им го врачи еден ден претходно. Според соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, на средбата на која присуствувале премиерот Никола Груевски, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, вицепремиерот Адеми и преговарачот во спорот, Зоран Јолевски, биле разменети мислења и информации од одделните средби што ги имаа со посредникот. „Внимателно беа разгледани идеите предложени од страна на медијаторот Нимиц, при што се отвори првична дискусија за нив“, се наведува во соопштението, информирајќи дека се дискутирало и за искажаното очекување од Нимиц во текот на август да ги слушне размислувањата на властите во двете држави во врска со начините и можностите за изнаоѓање прифатливо решение.
На средбата, државниот врв нагласил дека за решението прифатливо за македонската и за грчката страна граѓаните на Македонија би се изјасниле на референдум. Тие ја повториле и политичката волја за надминување на разликите околу името.
Ова вчера, во интервју за агенцијата МИА, го повтори и преговарачот Јолевски, кој вели: „Внимателно ги разгледуваме и анализираме предложените идеи и преку натамошни консултации и координации ќе продолжиме посветено во процесот“. Јолевски нагласува дека при барањето решение, „треба да се заштити дигнитетот, идентитетот и интегритетот на македонските граѓани“. Јолевски во интервјуто не ги открива и не сака да коментира што содржи новиот предлог на Нимиц, единствено велејќи дека „Нимиц претпочита двете страни внима��елно да ги анализираат неговите последни предлози за надминување на разликите околу името“.
„Пуштањето во јавноста детали што не се финално договорени само може да му наштети на процесот“, вели Јолевски, според кого, исто така, мошне битно е да има единство и кохезија во Македонија, затоа што ова прашање е особено значајно за граѓаните.
Грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, вчера, пак, пред парламентарната Комисија за национална одбрана и надворешни работи, еден ден по посетата на Нимиц на Атина, го повтори ставот дека Грција е подготвена за заемно прифатливо решение на спорот со Скопје за името, но како сложено име со географска определница за севкупна употреба. Пред Комисијата рекла дека 2009 година е решавачка година за сите важни прашања од надворешната политика на Грција. За предлозите на Нимиц коментарот на Бакојани бил дека грчката страна ќе го информира посредникот за мислењето по последните промени, изразувајќи надеж оти и македонската страна ќе го направи тоа.
Nikoj nema pravo da ne prisiluva da go smenime imeto, nitu pak nekoj ima pravo da ni kumuva za imeto, a i vladata nema nikakov mandat da go menuva naseto ustavno ime. Bedata ne e kaj nas zosto ne sme vo EU i NATO, bedata e vo toa sto nemame sposobni luge da ni e vodat drzavata bez razlika od koja partija doagaat i koga na prvo mesto se nivnite licni interesi a ne interesite na drzavata i na narodot. Po se izgleda deka kaj nas nema nitu eden politicar ili funkcioner sto zavzema nekakva vidna funkcija i da ne e vmesan vo nekakva crna zdelka, a za Grujo i da ne zboruvame, kradi, placka sve sto ke mu stigne do raka i sve vo ime na mama, zlaten toj na mama. No da vidime do koga, tikvata pocna da puka.
Од: KOLE MANGOV
Датум: 10.07.2009 06:35:01
Koga vlasta i politicharite kje svatat deka Grcija e agresor. Kako shto vo Egejska Makedonija ni gi smeni lichnite iminja i iminjata na naselenite mesta,taka saka da ni go smeni imeto na drzavata za da go izgubime identitetot ,vrzan sonasheto antichko inato.Da ni go prisvoi antichkoto minato
Од: Mene do Vas
Датум: 10.07.2009 09:17:49
Pametni ludje ima, ama se marginaliziraat vo ime na kradenjeto. Narodot makedonski mnogu brzo zaborava i oprostuva i mnogu brzo se umoruva vo planiranjeto na svojata idnina, bash zaradi lopovlukot. Dodeka svesta ne bide prava, drugi ce manipuliraat i unistuvaat. Ke ni kumuvaat i ce ne sogolat. Pa na kraj ce se prifati i promena na ime i nacionalnost. SSamounistuvanje kako mnogu drugi dosega - koi se petokraki na amerikanskoto zname. Ovca vo EU i plukadziite ce pomognat vo unistuvanjeto.
Од: Saso Germanija
Датум: 10.07.2009 10:57:52
Imeto poteknuva od antikata.Pod toa ime ginea generaciite na Goce Delcev, potoa megju dvete svetski vojni, pa za vreme na NOB,vo borba vo borba makedonski narode, a Amerika od avioni ni pustase oruzje. Narodite ne niknuvaat vo eden den ili edna godina. Taka da lugjeto koi ziveele pokraj
Vardar,Struma, Bistrica nemoze da se kaze koga
pocnale da se vikat Makedonci, samo fakt e deka
tie od pamti veka ja cuvstvuvale Makedonija kako
nivna tatkovina.Sekoja promena na toa ime ke ja
negira tatkovinata Makedonija,a toa go sakat glupci
i neprijateli i rabotat neumorno da ne izighrat so
glupavi razgovori.Ne smee da se rusi ona sto
rastelo zaedno niz vekovite.
Од: Kuzman
Датум: 10.07.2009 10:58:11
Predlogot kakov i da e, od grcija nema da bide prifaten ako ne e za seopfatna izmena na imeto na R.Makedonija. Samata grcka ministerka toa go izjavuva posle sredba so Nimic.
Barame od nasite politicari da kazat deka Makedonija ima ime, imeto go donesoa etnicki Makedonci koi so vekovi se borea za samostalnost i ako grcija ima problem mozime da najdeme zaemno prifatlivo ime za grcka upotreba, poveke ne.
Од: ЛАВ
Датум: 10.07.2009 11:40:02
На г-н Нимиц треба да му се заблагодариме и да ги прекинеме овие понижувачки преговори. Место да губиме време во игри без граници со расипаните грци и непринципиелната ЕУ, треба да го решиме случајот со лобирање кај САД, Русија и Кина кои го прифатија името Република Македонија.
Од: Patriot
Датум: 10.07.2009 13:56:52
Dosta e vece zamaranje so ovie gluposti. Makedonija napravi golemi cekor so menuvanje na znameto ustavot.... A so napravija Grcistata dosega ? ---> NISTO. E pa sega neka bara gospodinot NIMITZ od niv i oni da napravat cekor so menuvanjeto na imeto na nivnata regija vo : "MAKEDONIJA 1913" ili "OKUPIRANA MAKEDONIJA" ili "JUZNA MAKEDONIJA" ili "MAKEDONIJA ( ATINA )". Dosta samo nie da bidime ponizuvani. Da se prekinat pod hitno pregovorite.
Од: Boshko
Датум: 10.07.2009 16:00:55
Red e na Grcite da otstapat neshto i da prifata deka Makedonija od1913 pod nivna kontrola da ja narechat Juzna Mak, ili porobena Makedonija a nie ke prifatime severna ili slobodna Makedonija,
Abe Stop napregovorite ako im smeta na grcite Tie neka se chudat nie ime si imame