Доделени пет лиценци за сателитска телевизија
Вкупно пет лиценци за сателитска телевизија додели вчера Советот за радиодифузија, распишувајќи истовремено нов конкурс за уште осум лиценци за сателитска телевизија. Советот за радиодифузија вчера одлучи предвидените пет лиценци за сателитски телевизии да ги подели на телевизиите Алфа, Канал 5, Скај нет, А2 и ЕРА. Условите за добивање лиценца за сателитска телевизија исполниле уште четири субјекти, но поради ограниченост, ним не им е издадена лиценцата. Без лиценци, и покрај исполнетите услови, останаа „Тинекс“, групација составена од брокерски куќи и Инвестициски фонд, Џорџ Атанасовски и Бојо Андревски. Лиценци за сателитска телевизија од специјализиран формат вчера им е издадена на телевизија Сител и на уште два други субјекта. (Макфакс)
|