Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Велешани со црни балони против загадувањето од Топилницата

Мирен, но и предупредувачки протест што може да се радикализира

ВЕЛЕС - Илјадници црни балони испратија велешани кон небото за да го однесат црнилото од градот. Жителите на Велес запалија и свеќи за покој на душите што ги однесе триесетгодишното загадување од Топилницата.

Велешани масовно го поддржаа протестот на Зелената коалиција со кој сакаат на надлежните институции да им предочат дека еден мора да си оди - или граѓаните на Велес или Топилницата. Здравјето не смее да биде на продажба, беше пораката од тивкиот марш на граѓаните до капијата на Топилницата.

„Ако се оглушат на она што го бараме, ако се оглушат на отпорот, ако повторно кажат дека ние не сме гледале во иднината, туку тие, тогаш ќе донесеме 101 багер и ќе ја урнеме Топилницата“, се закани Ненад Коциќ од Зелената коалиција.

Граѓаните на Велес велеа дека дошле на протестот за да им дадат на знаење на надлежните дека многу животи се изгубени и дека нема да дозволат Топилницата повторно да проработи на старата локација со истата технологија.

„Вечерва му требаме на нашиот Велес за да ги растераме оловните облаци над градот и да им го избистриме матниот поглед на трговците со човечки души. Ние ја плативме цената, и тоа со леукемии, канцери, бели сандаци за штотуку родени дечиња“, вели Александар Кукулев од Зелената коалиција. „Минеко, оди си“, беа пораките од коалицијата.

Протестот беше мирен, но и предупредувачки. Организаторите најавија радикализација доколку на 17 јуни биде познат новиот сопственик на Топилницата кој нема да сака да го слушне гласот на народот.

„Се гордеам со моите сограѓани. Тие како многу пати досега покажаа дека знаат да бидат прогресивни. Ова е порака до државните институции и до сопствениците на Топилницата дека има работи кои се поважни од профитот, а тоа се здравјето и животот“, потенцира Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес.

Од Зелената коалиција порачаа дека на Велес очајно му се потребни странски инвестиции, економски капацитети и нови вработувања, но не по секоја цена. Ако новите сопственици на Топилницата ги третираат велешани како робови, повторно ќе има протести, но Велес ќе остане на граѓаните. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 129 пати.

Испрати коментар

Од: ivan-veles
Датум: 12.06.2008 00:12:16
Se gordeam sto sum Velesanec, i zadovolstvoto od moja strana e ogromno, zaradi odlicno organiziraniot protest protiv javniot ubiec na velesani-grdosijata narecena -topilnica. Veles vo istorijata dobival mnogu bitki, , ke ja dobie i ovaa bitka, samo napred velesani moi, samo sploteni ke ja isterame cumata od Veles.
Од: Иван Јорданов
Датум: 12.06.2008 02:30:00
Секоја чест за цел Велес, град со кој сум од повеќе причини емотивно приврзан. Никогаш немојте по никоја цена да дозволите рестарт на топилницата. Особени честитки за градоначалникот, Аце Коцевски кој само ми дозволува, во пресрет на локалните избори, да заклучам од чии редови излегуваат најдобрите и најчесни градоначалници, а од чии пак, редови, никнуваат најголемите криминални и хок-штаплерски општински главатари.
Од: живко
Датум: 12.06.2008 12:51:12
Подршка на протестите на Велешани. Топилницата да се претвори во некој вид на споменик. До колку се рестартира Оловната чума во Велес, тогаш и јас ѓе допатувам во мојот роден град Велес да учествувам во уривањето на чумата!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Клиниките повторно ќе се спојат во Клинички центар
Заштита на Студенчишко Блато за враќање на ендемското богатство
Доделени пет лиценци за сателитска телевизија
Матурата ќе ја надгледуваат 130 набљудувачи