Матурата ќе ја надгледуваат 130 набљудувачи
Полагањето мајчин јазик, како прв испит на државна матура што ќе се спроведе денеска, ќе го надгледуваат вкупно 130 набљудувачи, кои се кадри од Министерството за образование и наука. На секои 15 ученици ќе има и по еден тестатор. Матурата, која годинава се воведува прв пат, ќе ја полагаат 17.800 ученици, кои ќе бидат распоредени во речиси 90-ина средни училишта во земјава. Во секоја училница ќе полагаат по 15 ученици, кои ќе седат на растојание од 1,40 метри. За полагање учениците ќе имаат на располагање четири часа.
„Сите неопходни подготовки се завршени. Материјалите вчера беа доставени до училиштата и пред полагањето ќе им бидат доставени на учениците“ велат од Министерството за образование. В сабота ќе се полага вториот екстерен испит, математика или странски јазик. Резултатите се очекуваат за еден месец. (Ж.Х.З.)
|