Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Матичните датотеки за пензии можност за манипулација

Многу забелешки за работата во подрачните единици на ПИОМ

Постапката за старосна пензија што се води во подрачните единици на ПИОМ е со пропусти и без внатрешна контрола. Поради ова, постои ризик за манипулација со податоците за годините на работен стаж и стекнување пензија. Ова го констатира државниот ревизор, кој направи контрола на 253 пензиски предмети во подрачните единици на ПИОМ во Скопје, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Струга и Битола. Според извештајот, упатството за остварување пензија има контролни недостатоци во неколку фази од постапката. Матичните датотеки се така организирани што може да се дополнуваат и менуваат податоците.

Електронските датотеки не содржат комплетни и навремени информации со кои ќе се потврдат вистинитоста, комплетноста и точноста на решенијата за пензија. Начинот на чување на М-пријавите до нивно пренесување во електронска форма е недоволно сигурен и постои ризик од губење и уништување, констатираат ревизорите.

Кај 26 отсто од предметите е констатирана разлика во податоците за впишан работен стаж во работничката книшка со податоците од матичните датотеки. Во 48 отсто од предметите не е приложен или испечатен документ за преглед на податоци, со што има можност да се внесат дополнително податоци за години работен стаж, плати и надоместоци со датум и пред поднесување на барањето за пензија, за кое не е потребно приложување дополнителна документација. Со ова сумираниот преглед на вкупниот работен стаж, кој е основа за висина на пензија, може да има невистинити податоци. Кај 48 отсто од вкупно ревидираните предмети конечниот документ за пензија не е авторизиран од матичарот. Комплетирањето на документите го врши едно лице, со што постои ризик внесените податоци в�� датотеката да не се реални. Во Скопје е задолжено едно лице да врши контрола на податоците, и тоа на папката на предметот, но не и на секој документ посебно. Во другите подрачни единици нема контролори.

Контролите утврдиле дека ако не се совпаѓаат податоците од матичните датотеки со оние од електронските датотеки, повратната информација може да патува и со години. Поради ова, навремената корекција се врши со задоцнување или воопшто не се врши. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 412 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 17.07.2009 11:01:09
Za dzabe ,Makedonija ne ja narekuvat,banana drzava.A shto da se kaze za malverzacite so invalidski penzi.I toa dovolno ke bide samo da se poglednat penzite dobieni od poslednite dve godini.

Најди! во Утрински
На прво место
Училиштата останаа и без пари за компјутери и без партиципација
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Се продава државна земја на Водно за резиденција за верска заедница
Партиски правник на ВМРО-ДПМНЕ стана обвинител во Кочани