Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Партиски правник на ВМРО-ДПМНЕ стана обвинител во Кочани

Новоизбраниот кочански обвинител Игорчо Крстев е партиски активист на владејачката партија и претседател на Правниот совет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. На последните локални избори, одржани годинава, тој добил и кривична пријава за повреда на избирачкото право и за фалсификување исправа, но пријавата е отфрлена поради недостиг од докази.

Со ова паѓа во вода тврдењето на министерот за правда, Михајло Маневски, кој упорно се обидува да ги убеди македонската јавност и странските дипломати дека не постои партизација во судството и оти единствен критериум при изборот на судиите и обвинителите се стручноста и квалитетот.

Поранешниот вработен во Централниот регистар, Игорчо Крстев, избран е од страна на Советот на јавни обвинители пред петнаесетина дена во последната група од 31 обвинител. Двајца од нив се повлекоа „под принуда“ поради криминално досие во биографијата, а еден по сопствено барање.

„Утрински весник“ прв ја објави веста со двата скандалозни избора во Советот за јавни обвинители, до кои дојде со помош на нашите читатели. И за најновиот случај, сознанијата ги добивме од читател, кој се прашува зошто не пишуваме за новоизбраниот кочански обвинител, кој е уште еден доказ дека партизацијата длабоко навлегува и во обвинителството.

Од кочанското Јавно обвинителство вчера и официјално добивме потврда дека на 18 март оваа година е поднесена кривична пријава против лицето Игорчо Крстев за сомневање дека сторил кривични дела повреда на избирачкото право и фалсификување исправа. По неа е постапувано на 15 април оваа година, но кривичната пријава е отфрлена, бидејќи е утврдено дека не постои кривично дело.

Неофицијално дознаваме дека станува збор за фалсификување потпис на немоќно лице, кое гласало еден ден порано. Но, по силните притисоци и закани за одземање паричен надомест, како што се тврди, ли��ето одбило да сведочи. Новоизбраниот обвинител е добро познат во кочанските кругови, но повеќе по неговиот партиски отколку професионален ангажман. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 900 пати.

Испрати коментар

Од: gargi
Датум: 17.07.2009 01:48:54
Mm,interesno.Od Cent.registar pa opa,pravo vo obvinitelstvo.Znaci vo Cent.reg. se obucuvaat idnite kadri vo sudstvoto.Ili pak toa e Akademijata za obuka na sudii i JO na VMRO(pravniot komitet) paralelna na drzavnata.Sega treba da gi zaprasate prvite luge na Sovetot na obviniteli od kade im zalutal pravnik od Centralen registar vo JO,nemaat li svoj kadar-strucni sorabotnici,advokati itn.Da se prasaat i za toa po cija zelba ili naredba ovoj gospodin stanal javen obv.,i za toa kakva poraka e ova za pravnicite od sudot i JO,za principite na strucnost i kompetentnost,sto mislat za spotot "znaenjeto e sila,znaenjeto e mok",i za ...ma se e jasno.Megutoa znae li za ova g.Fuere,mu se pofalil li ministerot za noviot obvinitel,znae li Helsinski.MVR=VMRO,JO=VMRO,sud=VMRO.Pa ajde sega ti otkrivaj kriminal,goni i presuduvaj.Bre,Kocani bilo interesno mesto za ziveenje za clenovite na pravniot komitet na VMRO.Reformata na Manevski sigurno ke dozivee blitzkrieg reforma,no vo nekoe porazumno vreme
Од: Сергеј
Датум: 17.07.2009 03:35:46
Текстот ја изразува вистинската слика и последица на вмровската диктатура: виновниците не‘ обвинуваат, криминалците не‘ судат, болните не‘ лекуваат, неписмените не‘ учат, неспособните работат, способните седат, добрите се лоши, лошите се добри, шутите бодат, слепците не‘ водат! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: V
Датум: 17.07.2009 03:46:42
Pa celo Kocani znae koj e Igor "Puskata" i kako i zosto stana javen obvinitel.Covekot 2-3 meseci uste pred da bide izbran javno se falese deka od partijata mu bilo veteno deka ke mu bila ispolneta zelbata da stane javen obvinitel kako zasluga za partiskite aktivnosti za vreme na izborite.Inaku negoviot izbor za podobro upatenite vo sudskite kuloari vo Kocani odekna kako vistinsko iznenaduvanje do kade se odi so partizacijata na sudstvoto.Inaku za tie sto podobro go znaat vazi za pravnik so slabi strucni kvaliteti i rabotni naviki,bez nitu den pominat na rabota vo javnoto obvinitelstvo.Ama pusti merak da se bide obvinitel. P.S.Ministerot Manevski otkako razbral za negoviot izbor za obvinitel,strasno ze razoracal od toa sto reformite tesko mu odat i sudstvoto mu bilo partizirano sto vednas si dal neotpovikliva ostavka na funkcijata.
Од: glupendra
Датум: 17.07.2009 06:10:42
Ajde sega kazete dali ni trebaat sudski institucii koga Vladata si gi resava site pravni raboti.
Од: Љупчо С.
Датум: 17.07.2009 08:54:11
Натписот во весникот не открива ништо ново, нешто што не му мпознато на читателите и на упатените во настаните во судството. Изборот се врши (и вршеше) според критериумот на партиска подобност и припадност. Идентично како што тоа се правеше се до крајот на осумдесетите години. Владеечаката партија не прави ништо ново или непознато, таа само ги следи нејзините генетски кодови од некогашната авангарда на пролетеријатот. Но нивните методи се сега дополнети и надградени со искуството на нејзините “братски“ народни партии. Читателите треба ваквата ситуација да ја прифатат како факт, како нешто што му е иманентно на балканското практикување на демократијата и правната држава. За утеха ние не сме единствени! Нека го прочитат следниот линк http://www.jutarnji.hr/komentari/kolumne/clanak/art-2009,7,16,clanak,169625.jl па да видат што се случува во една “Еуропска“ држава која за себе тврди дека не и припаѓа на Балканот.
Од: Alek
Датум: 17.07.2009 09:07:22
И беше кажано во словото „ниедна странка која води судски процес против ДПМНЕ не смее да добие“. И судиите појдоа на бацирака. И се запнаа да ја бранат „каузата“ двајца браќа, едниот судија, другиот адвокат. На една судијка и беше ветено дека ќерка и ќе ја вработат во едно средно училиште, та да пресуди во корист на директорот престапник. А пак еден ревносен активист на ДПМНЕ во локалните избори стана јавен обвинител. Доволно е, други квалитети не му требаат. И би - кочански/м��кедонски правосуден (кривосуден) систем.
Од: Zaevski
Датум: 17.07.2009 09:52:34
Vrednite choveci gi amnestiraat a se sekavame i za Strumica...pa zashto i ne chovekot go biduje...
Од: Trajko
Датум: 17.07.2009 10:54:30
Celta na vladata na pastirot E ,da ja zkopa zemjava kolku shto moze podlaboko.Raduvajte se lazni patrioti.Svetot ne snima.
Од: makedonec
Датум: 17.07.2009 12:13:53
И маневски и Шврговски уште не поднеле оставки???? Штета.А јас си помислив дека се најчесно корумпирани.Имам впечаток дека овие двајца и да видат криминал со свои очи нема да поведат постапки додека некој не им пријави.За обвинителот е и нормално да биде во друштво со такви,ама не е нормално да не поведе поистапки ако има сознанија.Значи тој го штити овој вид незаконие.
Од: gv
Датум: 17.07.2009 15:30:43
Vo ovaa zemja se meze da se slucuva,se veli deka ne e partizirane sudstvoto,kakvi bakraci.Vo Gostivar advokat so 2 godini staz,clen na VMRO stana sudija vo apelacija bez eden den staz vo sudot.Toj Maneski vedas da odi ,sramota za RM.
Од: ввв
Датум: 17.07.2009 15:47:17
Лавице..................... камо коментар?
Од: skopj
Датум: 17.07.2009 17:38:32
Браво за Новинарот од Утрински што го напиша текстот.Tреба да се има храброст да се откријат сите афери на Советот на обвинители а тоа може да допринсе за Европска Македонија.Јавни обвинители и судии се примаат без никакво искуство или пак вработени во приватни или други партиски фирми, а од Академијата за судии и јавни обвинители не ги примаат иако се кадри обучени според европски терк,Има уште афери во Советот за јавни обвинители, треба и за нив да се пишува но друг пат ке ги откриеме,

Најди! во Утрински
На прво место
Училиштата останаа и без пари за компјутери и без партиципација
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Матичните датотеки за пензии можност за манипулација
Се продава државна земја на Водно за резиденција за верска заедница