Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Училиштата останаа и без пари за компјутери и без партиципација

Не ни дозволуваат да собираме пари за направените штети, кои во некои училишта се огромни, се жалат директорите

Жаклина Хаџи-Зафирова

Без пари за компјутерски штети, за осигурување и за партиципација. Вака средните училишта ќе треба да ја дочекаат новата учебна година, откако пред околу еден месец пристигна забраната од Државниот просветен инспекторат дека училиштата не смеат да собираат пари од учениците за оштетените компјутери.

Сега директорите се жалат дека не знаат како да постапат за да излезат на крај со штетите на компјутерите, кои беа дел од проектот „Компјутер за секое дете“, а за што беа поднесени четириесетина кривични пријави против директорите. Некои директори, и покрај се', не се за жалење, бидејќи успеаја да соберат дел од парите за направените штети од учениците.

„Нe ни дозволуваат да собираме пари за направените штети, кои во некои училишта се огромни. Иако пролетва добивме правилник за тоа како да се наплатат штетите“, велат некои директори на скопски училишта. Состојбата со компјутерите, според нив, дополнително се комплицира поради фактот што немаат ниту пари да ги осигураат компјутерите, а сумата за осигурување, која им се бара за компјутерите, во просек изнесува околу 100.000 денари. Овие пари, како што тврдат директорите, не се во ситуација да ги обезбедат, па затоа се плашат како во иднина ќе успеат да ги зачуваат донираните компјутери од оштетувања, пожари, поплави.

Поради сето ова, дел од директорите најавуваат дека ќе побараат од ресорното Министерство да ги реши нивните проблеми, бидејќи без негова помош не можат тоа да го сторат. На листата на училишта каде што имаше најголеми оштетувања, регистрирано е дека се украдени или недостасуваат монитори и тастатури, но никој од училишните раководства не сака да го потврди тоа.

„Ние ги пријавивме нашите штети во Министерството за внатрешни работи. Во нашиот правилник за штети е наведено дека ако не се знае кој ученик ги оштетил, тогаш сите ќе платат за штетата. Сега, со одлуката на инспекторатот тоа веќе не ни е дозволено“, велат директорите.

Првиот човек во Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов, е убеден дека училиштата не се за жалење.

„Незаконски е училиштата да собираат пари за направените штети, за тоа треба да се грижи директорот, кој треба да се докаже дека е добар менаџер. Тоа што сега училиштата нема веќе да можат да собираат пари не значи дека ќе останат без средства. Училиштата добиваат пари преку блок-дотациите и наменските дотации и тие средства им се сосема доволни за да ги покријат трошоците, кои ги пријавуваат до надлежните“ објаснува Арсов.

Но, кастрењето на буџетот на училиштата не завршува само со компјутерските штети и со партиципацијата. Како што дознавме, на училиштата им е забрането да собираат пари и за обезбедување без дозвола од секој родител, а од Mинистерството нема веќе да добиваат пари ниту за пишување свидетелства и дипломи.


Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: mimi
Датум: 17.07.2009 08:56:39
bravo taka treba
Од: учител
Датум: 17.07.2009 09:22:03
Директорите треба да ги научат вработените во училиштата како да бидат одговорни кон компјутерите
Од: Trajko
Датум: 17.07.2009 10:40:13
Poznato beshe ushte vo pochetokot ,so voveduvanjeto monitor za sekoj uchenik ,problemite vo uchilishtata ke se zgolemat namesto korista.Sega na vladata ke i bidat vinovni direktorite i nastavnicite.Tie provizijata si ja stavija vo dzeb a vinata ke ja ponesat drugi.Toa beshe prvoto golemo perenje na pari na ova vlast.Dali vladata ne trebashe prvo vo uchilishtata da nabavat soodvetni klupi i stolchinja a potoa da razmisluvat za kompjuterite.No sigurno celta bila da se sobere gubreto od Kina i da se napravi dobra koruptivna zdelka.Dali moze da ostanat zdravi monitorite i tastaturite koga niz uchilnicite na site strani ima kabli a i nezainteresiranite uchenici za vreme na chasovite od dosada si igrat so niv.Neka kaze nekoj koi instrumenti da gi prevzemat nastavnicite na koi i se presecheni racete i nesmeat da prevzemat nikakvi kaznivi merki.Uchenik ne smee da se navreduva,isteruva od chas a najmalku da se otsrani(iskluchi)od uchilishteto.
Од: makedonec
Датум: 17.07.2009 12:10:37
Браво Џорџе екс градоначалниче.Сега уште да спроведеш истрага каде се компјутерите односно опремата,ако смееш од Гујо,бидејки 90%од директорите се Ваши од ВМРО па ке треба многу кривични пријави.Тешко се сомневам дека децата извлекле монитори и нешто покабасто.Па тие несе сами на часот.Каде е наставникот задолжен за опремата На кого му продавате рог за свека.Или министерчето за информатичко оптшество треба постојано да го зголемува своето конто со набавкии на доиполнителна опрема,Нема ништо поубаВО КОГА ОСНОВАЧ НА ФИРМАТА Е ВЛАДАТА-МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ ОПШТИНАТА.Со народни пари сите бизниси се успешни.За секој случај проверете да не ви е крив БЦ.

Најди! во Утрински
На прво место
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Матичните датотеки за пензии можност за манипулација
Се продава државна земја на Водно за резиденција за верска заедница
Партиски правник на ВМРО-ДПМНЕ стана обвинител во Кочани