Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Пратениците се скараа за законот за Собрание

Законот го помина првото собраниско читање само со гласовите на парламентарното мнозинство

Оливера Војновска

Законот за парламент вчера го помина првото собраниско читање само со гласовите на парламентарното мнозинство, опозицијата не учествуваше во изјаснувањето. Социјалдемократите беа во собраниската сала, ама го игнорираа гласањето, додека ЛДП целосно го бојкотираше – нејзините пратеници воопшто не присуствуваа на чинот на гласањето.

Законот за Собрание е еден од четирите проекти кои се услов за добивање позитивен извештај од Европската комисија. Потребата за негово донесување, односно првата законска фаза, вчера ја поддржаа 55 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а од оние кои гласаа немаше ниту еден воздржан или против.

Опозиционерите во текот на дводневната расправа инсистираа во пакет со законот за парламент да се направат и измени на Деловникот, но тоа не се случи. Пратеничката Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозицијата се служи со нечесни уцени. „Тие се свесни дека тоа не е за подобрување на работата на парламентот, туку за подобрување на нивниот комодитет“, рече Дулиќ .

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, за ниту еден закон во Собранието не е постигнат поголем консензус од овој за парламентот. Бонева неколку пати повтори дека СДСМ тенденциозно креира атмосфера оти нема политички дијалог, во ситуација кога очите на Брисел се свртени кон нас. За неа е нејасно зошто СДСМ не се изјаснува за кои забелешки на Деловникот може да попушти, како што го сториле тоа во ЛДП. „Се' уште чекаме од вас, како што ни ветивте, да ни кажете кои одредби од Деловникот инсистирате да бидат променети, а од кои ќе отстапите, во интерес на изготвување на измените“, повторуваше Бонева речиси во секоја реплика на пратениците од СДСМ. Но, не доби одговор.

Во собраниската сала вчера имаше само неколкумина пратеници од СДСМ. Пратеничката од СДСМ Весна Бендевска носењето на законот за парламент го оквалификува како „класично насилство“. „ Ако имаше консензус за законот, тогаш немаше да има никаков проблем. Го ставивте законот на дневен ред без да обезбедите поддршка од опозицијата. Нема да влеземе во расправа за законот, ако не се почне и процедура за измена на Деловникот“, рече Бендевска.

Координаторката на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вчера во телефонски разговор ни појасни дека „СДСМ ги кажал забелешките на Деловникот уште пред една година и на ВМРО-ДПМНЕ и' се добро познати“.

Според неа, Бонева сега „се извлекува“, а за повикот да се изјаснат за кои од 30-те забелешки на Деловникот можат да попуштат, Иванова со контрапрашање: „Зошто таа не каже кои забелешки се подготвени да ги прифатат?“ Таа додаде дека околу забелешките за Деловникот вчера попладне требало да има координација со пратеничката група.

Пратеничката од ЛДП Роза Топузова-Каревска вели дека тие бараат да бидат прифатени четири нивни забелешки, меѓу кои да се брише одредбата за пријавување за дискусија во првата минута. Исто така, инсистираат на тоа една точка од дневниот ред на седниците да биде на предлог од опозицијата.


Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: flying-monaco
Датум: 17.07.2009 07:30:46
Tolku ne izmachija za ovaa prokleta shengen viza dodeka ja dobivme... A sega nemilosrdno se sprotivstavuvaat kako bi sprechile datum za pregovori za EU. Dali ednash ke se kurtulime od predavnicite dali malce makedonskiot narod se namachi do sega.Golemiot (koren)zamina no za zal ostavi mali zilicki koi i denes gi gledame vo parlamentot.
Од: janev
Датум: 17.07.2009 13:05:51
Kako sto mozev da vidam opozicijata nema zabeleski na zakonot za sobranie ama od sosem drugi pricini go opstruira negovoto nosene. Opostrukciite isto taka znacat nepostoene na politicki dijalog. Dijalogot podrazbira i opozicijata da ima odgovornost za negovo postoene

Најди! во Утрински
На прво место
Училиштата останаа и без пари за компјутери и без партиципација
Матичните датотеки за пензии можност за манипулација
Се продава државна земја на Водно за резиденција за верска заедница
Партиски правник на ВМРО-ДПМНЕ стана обвинител во Кочани