Пајакот собира возила во Мичурин
Пајак-службата деновиве е активирана на две локации во Мичурин и ги отстранува несоодветно паркираните возила што ја попречуваат изведбата на предвидените градежни активности. Оваа мерка се спроведува откако Општината Аеродром веќе ги алармираше граѓаните да ги тргнат автомобилите пред зградите на улиците „Петар Ацев“ и „Анастас Митрев“ спроти ОУ „Блаже Конески“, како и на површината зад зградата број 28 на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“. На овие простори во наредните денови ќе се градат паркиралишта. (Б.Ш.) |