Зоолошката ќе добие нов влез и натпис
Зоолошката градина до крајот на годината треба да добие нов главен влез и новоизработен натпис „ЗОО Скопје“. Проектот ќе се реализира со донација на компанијата „Тобако“, која по повод 20-годишнината од постоењето, издвои средства за реконструкција на влезот на Зоолошката, што треба да и' донесе модерен изглед и функционалност според светски стандарди. Со предвидената интервенција ќе се обнови билетарница, ќе се поплочи и зазелени влезниот простор, ќе се постави соодветна опрема и осветлување, а истовремено е предвидено и поставување нов систем што ќе контролира и обезбедува побрз проток на посетителите. Компанијата „Тобако“ веќе отвори и салон на самиот влез на Зоолошката. (Б.Ш.)
|