Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Робињо го засени историскиот трансфер на Сандерленд

Милан по неколку посни години, конечно, нервозно удри на масата за трансфери. По доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ од вчера нов член на црно-црвените е Бразилецот Робињо.

Тој дојде во Милано за отштета од 18 милиони евра од Манчестер Сити. „Милан секогаш имал големи играчи. Тоа е голем тим со победничка историја. Се надевам дека јас и моите соиграчи ќе го одведеме тимот до нови трофеи. Слушнав од Кака многу добри работи за Милан. Поради овие двајца клубот мораше да го напушти Хунтелар (премина во Шалке за 13 милиони), а Бориело, пак, е испратен во Рома како позајмен играч. По девет години „Сан Сиро“ го напушти Каха Каладзе, кој се вгнезди во Џенова.

Инаку, трансферот на Робињо во Милан го засени најголемиот трансфер во историјата на Сандерленд. Овој англиски премиерлигаш го ангажираше феноменалниот репрезентативец на Гана и досегашен фудбалер на Рен, Асамоа Гјан. Неговата цена е 14 милиони евра, со што се надминати 10. милиони евра, кои лани му беа платени на Тотенхем за Дарен Бент.

До вчера уште не беше официјализиран трансферот на Ван дер Варт во Тотенхем. Наводно, Англичаните задоцниле со административните работи. Инаку, приказната околу Холанѓанецот е необична. Тој најпрвин беше со една нога во Баерн (договор вреден 18 милиони евра), ама сето тоа пропадна во последен момент. А, Тотенхем дозна дека Ван дер Варт е слободен само два часа пред крајот на преодниот рок.

„Мислев дека Ван дер Варт оди во Баерн. Но, одеднаш беше достапен за многу помалку пари од кажаните 18 милиони евра. Два часа пред крајот на преодниот рок претседателот Даниел Леви ми кажа: „Слушај, Ван дер Варт може да го добиеме за околу осум милиони фунти. Јас веднаш се согласив. Се' се одвиваше во последните мигови па затоа не е јасно дали е завршена работата!“, открива менаџерот на Тотенхем Хари Реднап.

Покрај овие трансфери за одбележување е и преселбата на Звездан Мисимовиќ од Волфсбург во Галатасарај за осум милиони евра, заминувањето на Мауро Каморанези од Јувентус во Штутгарт. Се засили и Стоук, кој како позајмени фудбалери ги доби Гудјонсен од Монако и Пенант од Сарагоса. Александар Хлеб, играчот на Барса, пак, заврши во Бирмингем.


#
Статијата е прочитана 1777 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Храбро против словачката агресивност
Бениќ испушти реми против Германија
По цели 45 години, Турција славеше над Грција
Надал во три сета го реши Габашвили
Велосипедизмот, најдоходовен спорт
Болт сака да игра за Манчестер J.