Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Храбро против словачката агресивност

Знаат да го разбијат противникот, но и да загубат глава, вели голманот на Кошице, Тофилоски

Сашко Ѓ. Димовски

Мало поместување во изготвената агенда мораше да направи селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз за време на четиридневните подготовки во Братислава за утрешниот стартен дуел со Словачка во квалификациите за Европското првенство 2012 во Полска и во Украина. Причините лежат во периодот во кој се комплетира националниот тим, па дозирањето на тренинг-сесиите доби поинаков тек: наместо два тренинга во вторникот, репрезентативците одработија еден, а темпото го подигнаа вчера претпладне и попладне. На почетокот на подготовките, во понеделникот, Јонуз имаше 13 фудбалери на располагање, а ден подоцна пристигнаа сите. Во последната група играчи што се приклучија во националниот камп во Братислава беа Иван Тричковски и Бобан Грнчаров, Величе Шумуликоски и капитенот Горан Пандев. Сите задоцнија од оправдани причини, поради обврски кон своите клубови во првенствата на Кипар, Русија и Италија.

„Атмосферата меѓу фудбалерите е одлична, како на тренинзите, т��ка и надвор од нив. Во некомплетен состав работевме повеќе на технички и психолошки план, а во последните два дена посветуваме внимание и на тактиката, но нема да заборавиме и да ги освежиме репрезентативците. Она што ме радува е поволниот здравствен билтен. Засега никој не се жали на сериозен проблем или, не дај боже, на болки. По секое редовно коло во националните првенства нормална појава се ситните повреди. Тоа не не' одмина, но место за паника, за среќа, нема. За тоа се грижи лекарскиот тим, кој ги третира ситните повреди кај дел од играчите. Ситуацијата е под контрола“, порачува Јонуз.

Фудбалската репрезентација на Македонија ужива идеални услови за работа во Братислава, и инфраструктурни и временски. Сите до еден во нашиот табор се надеваат дека така ќе биде до самиот натпревар и по него да уживаат во добар резултат на стартот од овој квалификациски циклус. Противникот ни е познат. Се прибираа информации, видео-записи од мечеви на словачката селекција, чиј што профил можеше најдобро да се види на неодамнешното Светско првенство во Јужна Африка.

Еден од дебитантите во националниот ти��, Дарко Тофилоски, оптимистички гледа на утрешниот дуел. Ја знае речиси половина од словачката репрезентација. Во моментот гради кариера токму во Словачка, во екипата на Кошице, каде што во последно време е стандарден меѓу стативите на прволигашот од истоимениот град, па дури се најде и во тимот на колото во два наврата во оваа сезона.

„Ни недостига Пачовски, но проблеми на голманската позиција ќе нема. Тука е Нурединоски, тука сум јас, тука е и Богатинов. Подготвен сум да дадам свој придонес, ако има потреба“, почна Тофилоски и продолжи:

„Словаците се гледаат како фаворити во мечот со нас. Очекуваат да продолжат со добрите игри од претходниот циклус квалификации и посебно по настапот на Мундијалот во Јужна Африка. Како фудбалер што настапува во Словачка можам да кажам дека имаме квалитет да изненадиме. Но, не смееме да ги потцениме и да се опуштиме, дури и по цена ние први да постигнеме гол. Словачките репрезентативци играат агресивно, тактички одлично знаат да реагираат и, ако насетат и им се овозможи шанса, знаат да го разбијат противникот. Нормално, како и кај секоја селекција, и тие имаат одредени слабости. Пред се', тука мислам во организацијата на играта и, ако ги блокираме во тој сегмент, знаат да загубат глава и лесно можеме да стигнеме до посакуван епилог. Ние сме свесни дека пред себе имаме тежок меч, а мислам дека и тие се свесни за тоа“, заврши „единицата“ на Кошице.

И Македонија и Словачка својата утрешна пресметка, петта досега, ќе ја дочекаат со идентични резултати од последните пријателски средби. Ние ремизиравме 1:1 во Ла Валета против Малта, а Словаците на домашен терен со Хрватска.


#
Статијата е прочитана 817 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бениќ испушти реми против Германија
По цели 45 години, Турција славеше над Грција
Надал во три сета го реши Габашвили
Робињо го засени историскиот трансфер на Сандерленд
Велосипедизмот, најдоходовен спорт
Болт сака да игра за Манчестер J.