Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Болт сака да игра за Манчестер J.

Откога Јусеин Болт стекна светска слава со неверојатната брзина што ја прикажа на Олимписките игри 2008 во Пекинг, му се отворија вратите за посета на неговите омилени фудбалски клубови Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Јамајчанецот порано се навраќаше на деновите од средното улиште, за кое играл „лев дефанзивен играч за врска, но сега тој сериозно зборува за својата иднина како фудбалер.

„Во идеален случај, ако играв фудбал, ќе потпишев за мојот омилен клуб Манчестер јунајтед. Луѓето велат дека тоа не е реално, но никој не ме видел како играм, така што никогаш не се знае. Ако ме видел Алекс Фергусон во еден од оние хуманитарни натпревари, можеби помислил дека јас би можел да го заменам Рајан Гигс“, вели 24-годишниот Болт во својата автобиографија. Последната реченица можеби звучи смешно, но, имајќи предвид дека сер Алекс тукушто купи фудбалер за 7 милиони фунти без ни да го види (младиот Португалец Бебе од Виторија де Гимараеш - н.з.), се' е можно.

„Го прашав за неговите амбиции. На крајот ми рече дека би сакал да игра фудбал професионално. Беше мртов сериозен. Една од предностите да се биде Јусеин Болт е тоа што спортските ѕвезди сакаат да се среќаваат со него, па секогаш кога патува и кога има време тој се обидува да тренира со врвен фудбалски тим. Минатата година тоа беше Манчестер јунајтед, а пред неколку дена Баерн Минхен. Тој се' уште носи копија од францускиот спортски лист ’Л’Екип‘, во кој се пишува за неговите фудбалски способности и за фалбите од тренерот на Баерн, Луис ван Гал. Тој ми покажа фотографија од него како со раката е потпрен врз германскиот напаѓач Мирослав Клосе. ’Ако ја одржам формата, дефинитивно ќе можам да играм фудбал на високо ниво‘, ми рече“, пишува Хетенстоун.


#
Статијата е прочитана 839 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Храбро против словачката агресивност
Бениќ испушти реми против Германија
По цели 45 години, Турција славеше над Грција
Надал во три сета го реши Габашвили
Робињо го засени историскиот трансфер на Сандерленд
Велосипедизмот, најдоходовен спорт