Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Надал во три сета го реши Габашвили

Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал, немаше лесна работа против Русинот Тејмураз Габашвили, но мина без загубен сет. Надал победи со 7:6 (4), 7:6 (4) и 6:3 по два часа и 57 минути игра. Тоа беше нивни трет дуел, а Габашволи и натаму не го познава чувството на освоен сет против Надал, иако во Њујорк беше најблиску. Во првите два ��ета гледачите не видоа ниту еден брејк, но во двата тај-брејка на површина испливаа искуството на Надал и разликата во квалитет.

Габашвили е тенисер кој силно удира по секое топче и станува опасен кога тие влегуваат во теренот, а против Надал влегуваа.

„Повеќе сакав на теренот да минам еден час и десет минути, а не три часа. Секој сака што полесна победа. Кога играте против тенисери кои се пониско на АТП-листата, тие, помалку или повеќе, немаат што да загубат и играат многу агресивно. Имав тежок меч, но мислам дека играв добро“, резимираше Надал, кој на УС-опен никогаш не бил финалист. Флашинг Медоу е единствен Гренд-слем што не го запишал на своето конто, а минатата сезона се сопна во полуфиналето.

Новак Ѓоковиќ, третиот носител на УС-опен, со тешка мака го совлада сонародникот Виктор Троицки во пет сета. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3, а после тоа Троицки заигра одлично, апсолутно доминираше со удари од основната линија, и двата наредни сета ги доби со 6:3 и 6:2. Најголема шанса за победа Троицки пропушти во четвртиот сет. Имаше 3:1 и брејк топка, односно можност за двоен брејк! Не ја искористи, а во наредниот гем го загуби сервисот, а потоа и сетот. Во петиот сет повторно Троицки беше тој што стигна прв до брејк, и тоа при првиот сервис на Ѓоковиќ, но неговата предност траеше кратко, затоа што најдобриот српски тенисер веднаш направи рибрејк, а потоа со нов брејк го трасираше патот до петтата победа во шестиот дуели против Троицки.

Францускиот ветеран Арно Клемен го приреди најголемото изненадување во 1. коло совладувајќи го Марко Багдатис, инаку 16. носител на УС-опен. Иако губеше со 2:1 во сетови, а Кипранецот во петтиот имаше предност од 3:1.

Вториот шпански левучар, осмиот светски рекет Фернандо Вердаско, го совлада Италијанецот Фабио Фонини во пет сета, 1:6, 7:5, 6:1, 4:6, 6:3. Интересно, тие двајца играа и во првото коло во Вимблдон, но тогаш во четири сета подобар беше Фонини, 86. светски рекет. Ова беше трета победа на Вердаско во четири меча.

Првата носителка и минатогодишната финалистка, Данката Каролина Вознијацки, без проблеми со 6:1 и 6:1 ја декласира Американката Челси Гуликсон, која доби вајлд-карта за турнирот. Вознијацки ова лето игра сјајно, а по Вимблдон има скор од 14-1. Веќе освои четири турнира, а последниот од нив во Ну Хевен минатата недела.

Русинката Марија Шарапова го загуби првиот сет против Австралијката Џермил Грот, 60. на ВТА-листата, но на крајот славеше со 4:6, 6:3 и 6:1.

„Знам дека не го одиграв својот најдобар тенис. Најважно е тоа што победив и си обезбедив можност за подобар настап во 2. коло“, изјави Шарапова.

Резултати, 1. коло: Надал (1) - Габашвили 7:6, 7:6, 6:3, Ѓоковиќ (3) - Троицки 6:3, 3:6, 2:6, 7:5, 6:3, Клемен - Багдатис (16), 6:3, 2:6, 1:6, 6:4, 7:5, Фиш (19) - Хајек 6:0, 3:6, 4:6, 6:0, 6:1, Лопез (23) - Џиралдо 6:4, 6:4, 6:4, Шарди - Гулбис (24) 6:2, 7:6 (1), 6:4. Вердаско (8) - Фонини 1:6, 7:5, 6:1, 4:6, 6:3, Ферер (10) - Долгополов 6:2, 6:2, 6:3. Бенето - Степанек (28) 6:4, 6:2, 4:6, 6:4, Налбандијан (31) - Де Вест 7:6 (4), 3:6, 6:4, 6:7 (6), 6:4.

Тенисерки, 1. коло, Лучиќ - Молик 7:6 (5), 6:1, Капра - Шпрем 6:1, 6:3, Јанковиќ (4) - Халеп 6:4, 4:6, 7:5, К. Бондаренко - Ли (8) 2:6, 6:4, 6:2, А. Радванска (8) - Пара 6:4, 6:3, Кузњецова (11) - Дате Крум 6:2, 4:6, 6:1.


#
Статијата е прочитана 290 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Храбро против словачката агресивност
Бениќ испушти реми против Германија
По цели 45 години, Турција славеше над Грција
Робињо го засени историскиот трансфер на Сандерленд
Велосипедизмот, најдоходовен спорт
Болт сака да игра за Манчестер J.