Велосипедизмот, најдоходовен спорт
Според неодамнешното истражување кое го спроведе угледниот истражувач на пазарот НПД, најдоходовен спорт според приходите, не е ниту фудбалот, ниту, кошарката, ниту тенисот, туку велосипедизмот!
Истражувањето крстено како „Процена на светскиот спортски пазар“ откри дека велосипедизмот во 2009 година прибрал 14 отсто од гло��алниот спортски пазар. Оваа бројка ја вклучува продажбата на велосипеди за спортска намена, но и за секојдневен превоз, како и продажба на облека, делови и опрема. Вкупните приходи за спортската година (во малопродажба по ДДВ) изнесуваше 213 милијарди евра, од кои 30 се свртени во индустријата со велосипеди.
|