Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

По цели 45 години, Турција славеше над Грција

Литванија го фрли во агонија светскиот првак Шпанија

Турските кошаркари ја прославија и третата победа на светското првенство во нивната земја. Но оваа последната беше најслатка. Против најлутиот ривал Грција (76:65), со што го прекинаа постот долг 45 години во меѓусебните дуели.

„Ова беше одличен натпре��ар. Се боревме до максимум, вистински тимски настап“, коментираше селекторот Богдан Тањевиќ, кој со своите момчиња сега јуриша кон првото место во групата Ц. До крајот го чекаат Порторико (вчера) и Кина.

Инаку, како одлучувачка во натпреварот со Грција се покажа третата четвртина и почетокот на последната. Во тие моменти Грција не најде решение за зоната на домаќините, додека на другиот крај на теренот „светнаа“ тројките на Онан, Туркоглу и две на Илјашова, за 65:51 пред стартот на последните 10 минути. Кога рано предноста порасна и на 72:54 беше јасно кој ќе слави. Иако, Грците не се предадоа и успеаја да намалат на 73:65. Тројката на Туркоглу конечно ги потопи.

Илјашова беше прв адут кај Турција, забележа 26 коша и пет скока, додека Омер Ашик му се придружи со 12 и шест скока.

„Илјашова беше феноменален, среќни сме што го имаме. Омер Ашик играше несебично, им помагаше на другите, му честитам и на Арслан.....“, изјави Тањевиќ.

На другата страна Грците имаа еден кошаркар со двоцифрен број поени - Бурусис, кој заврши со 15 коша и седум скока. „За победа мораше да бидеме тим кој не се откажува, ама овој пат тоа не бевме. Механизмот не беше вистинскиот, повремено зарибуваше“, посочи литванскиот тренер на клупата на Грција, Јоан Казлаускас. Антонис Фоцис само додаде дека „од Турција не е срамота да се загуби“.

Апсолутен трилер беше мечот меѓу Шпанија и Литванија, во кој Литванците го завртеа водството на Шпанците од +18, како би останеле непоразени (76:73), фрлајќи го светскиот првак во агонија. Линас Кеиза по последниот звук на сирената ја фрли топката меѓу своите навивачи, кои тргнаа да ја славата третата победа во исто толку натпревари, ама оваа посебно ќе ја паметат поради начинот на кој ја изборија, но и поради противникот.

И ним не им се веруваше дека нивните миленици ќе направат таков пресврт во последната четвртина во која влегоа со негатива од 53:64. Но, агресивната игра во одбраната и брзите и лесни кошеви од контра донесоа пенал завршница. На шест секунди пред крајот Клеиза погоди две слободни фрлања за 76:73, а Шпанците воопшто не успеаја да упатат шут. Најефикасен кај Литванија беше токму Клеиза со 17 коша, а потоа следеа Мациулис и Поциус со 13. Кај Шпанија Наваро и Марк Гасол постигнаа по 18 поени, ама разочара Рики Рубио со само три постигнати коша.

Резултати

Група Ц: Русија - Брегот Слонова Коска 72:66, Порторико - Кина 84:76, Грција - Турција 65:76.

Табела

1. Турција 3 3 0 +59 6

2. Русија 3 2 1 +6 5

3. Грција 3 2 1 0 5

4. Порторико 3 1 2 -4 4

5. Кина 3 1 2 -6 4

6. Бр. Слонова Коска 3 0 3 -55 3



Група Д: Нов Зеланд - Либан 108:76, Франција - Канада 68:63, Шпанија - Литванија 73:76.

Табела

1. Франција 3 3 0 +38 6

2. Литванија 3 3 0 +18 6

3. Шпанија 3 1 2 +8 4

4. Нов Зеланд 3 1 2 +2 4

5. Либан 3 1 2 -49 4

6. Канада 3 0 3 -17 3


#
Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Храбро против словачката агресивност
Бениќ испушти реми против Германија
Надал во три сета го реши Габашвили
Робињо го засени историскиот трансфер на Сандерленд
Велосипедизмот, најдоходовен спорт
Болт сака да игра за Манчестер J.