Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Масовна тепачка во Охрид за песна

Нова масовна тепачка го наруши јавниот ред и мир во Охрид. Во инцидентот што се случи вчераутро учествувале петмина, кои започнале тепачка поради музика.

Според охридската полиција, се' започнало на прославата на Бајрам во студентскиот дом „Никола Карев“, каде што имало организирана празнична забава. Еден од учесниците на забавата побарал да му свират песна, но желбата не му била исполнета, по што настанала расправија. Вербалниот конфликт прераснал во тепачка во која учествувале и двајца браќа од Република Србија со привремен престој во Охрид.

Набргу била повикана полицијата, но при обидот да го приведат А.К., службените лица биле вербално нападнати од неговиот брат Б.К., како и од уште едно лице. „Тие физички ги нападнале и ги влечеле полициските службеници за униформата. Притоа, сакајќи да избега, А.К.  со нога удрил еден полицаец во стомак“, информираат од МВР. Во инцидентот било оштетено и едно полициско возило. Полицијата ги привела двајцата браќа и уште едно лице, а трага по уште двајца учесници во тепачката, кои избегале веднаш по инцидентот.

Ова е втор инцидент во Охрид што се случи за време на празниците. Полицајци при интервенција беа нападнати и пред кабарето „Даг“ кога биле повикани да интервенираат при масовна тепачка на група охриѓани. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 3307 пати.

Испрати коментар

Од: DIMITRI
Датум: 11.09.2010 13:00:18
pa kako nema da gi tepaat policajcite koga primivte i koj treba i koj ne treba u policija .... pa se znae be luge kako treba da izgleda eden policaec . a ne u policija primija gluvci !!! epa sega ke gi tepaat.
Од: holandija
Датум: 11.09.2010 13:17:27
moram da kazam deka vo makedonia ima zakoni i ti zakoni vazat za site gragani sto ziveat vo nea drugo se vika daomasno vospituvanje vo poslednive 20 god cesto moze da se zabelezi masovni arogantni i nasilni mladi luge dodeka vo holandija postojat strogi zakoni i pravila na odnesuvanje kako toa sekoj eden treba da se odnesuva ...... mozev da zabelezam deka najmnogu ima mladi luge vo evropa ot 20 god pa se do 50 i nevidena kultura i maniri vo saomoto ondesuvanje bez razlika na polot makedonia treba da si gi sproveduva zakonite a sekoj graganin e dolzen da praktivkuva nadvor ot svoeto zivealiste eve vaka na eden muzicki nastan se sobiraat do 300.000 mladi luge i seto zavrsuva vo najdobar red vo holandija imase 200.000 mazi na gradskiot stadion ajaks i seto toa se sluci kako da nemalo natprevar znaci deka i koga odat na fudbalski natprev imaa fino ondesuvanje
Од: darko
Датум: 11.09.2010 15:02:14
a zamislite da bea Bugari,ke napravevme megudrzaven problem.Odkoga pocnaa da doagaat somnitelni tipovi od Srbija i Ohrid se pretvori vo teren na borbi megu zemunski i Vozdovacki gangovi.
Од: Neizbeznost od kazna-POMNI i ne zaboravaj
Датум: 11.09.2010 15:23:21
Potrebno e sproveduvanje na Zakonot so isprakanje poraka za NEIZBEZNOST OD KAZNA! Vo uslovi na amnestiranje za najteski zlostorstva protiv covestvoto i voeni zlostorstva; v\o uslovi na zamizuvanje pred etnicko cistenje na Makedoncite vo nivnata drzava koe sto nekade odi do genocid; vo uslovi kade vo policijata bea primeni poranesni teroristi i kakvi ne drugi so sto kriteriumite za priem bea izbrisani ne moze da se smeta na red i mir. Za napad na policaec vo SAD (a ne daj Boze za ubistvo na policaec) ke ima 'manhunt'" niz cela drzava ke go baraat ubiecot dodeka ne go izvedat pred pravdata ili ne go ubijat vo proces na protivenje na apsenje! Zatvor ne mu gine na nikoj sto napadnal ili barem doprel za rakav policaec...Sakavme policiska drzava a se odnesuvame kako da e uriet!
Од: Od Aristid praveden
Датум: 11.09.2010 18:01:36
Сега кога ќе се изгради Плаошник , луѓето ке бигат продуховени и нема повеќе да се случуваат вакви ициденти. Траба малку да се стрпиме.

Најди! во Утрински
Хроника
Вакуум во издавањето пасоши
Се шири истрагата за малолетничка проституција
Фатени тројца разбојници во Скопје
Прилепчанец загина во сообраќајка
Работник настрада во склад