Прилепчанец загина во сообраќајка
Прилепчанец завчеравечер загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Македонски Брод, на излезот од Прилеп. Според првичните информации од МВР, несреќата се случила околу 3,30 часот во близина на мостот ��ај Институтот за тутун. Дваесет и шесгодишниот В.С. со „опел тигра“ со бугарски таблички во еден момент изгубил контрола над возилото и преминал на спротивната лента и се превртел покрај патот. Возачот и сопатникот излетале од возилото.
„Во незгодата на самото место починал сопатникот во возилото, Александар Ј. (27) од Прилеп, додека возачот В.С. е пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Прилеп“,
информираат од полицијата. Телото на загинатиот е дадено за обдукција. (Х.Р.) |