Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Вакуум во издавањето пасоши

Не се знае кога МВР ќе почне да ги поместува термините за вадење пасоши и лични карти

Даниела Трпчевска


Слободни линии на Кол-центарот на МВР за аплицирање за нови документи, полупразни шалтери и кабини, видно намален притисок по ходниците во пасошките одделенија на МВР. По подолго време, вака изгледаат пунктовите ��а вадење на новите биометриски документи откако помина навалицата за вадење пасоши пред почетокот на летните одмори. Ако до пред само неколку месеци пред станиците за фотографирање имаше невидени метежи, а дневно беа закажувани термини за по неколку илјади граѓани, сега бројот на апликанти е сведен на десетици. Но, и покрај ваквата „релаксирана“ атмосфера, голем број граѓани се' уште не можат да дојдат до новите документи. Причината за тоа е банална – МВР се' уште не донело одлука да ги помести веќе закажаните термини и апликатите да ги уфрли во најблиските слободни термини за вадење документи. Згора на се', Кол-центарот и натаму закажува апликации за ноември 2011 година!

Вакуум-просторот што се случува веќе неколку недели во пасошките одделенија, се' уште не се знае кога би можел да биде решен. Иако надлежните во МВР најавуваа дека по годишните одмори ќе се разгледа можноста да им се излезе во пресрет на граѓаните и ќе им се овозможи што поскоро да ги добијат новите документи, очигледно дека целата процедура ќе се оддолжи.

Операторите на бесплатниот Кол-центар на МВР вчера закажуваа термини за нови биометриски пасоши и за нови лични карти за во ноември 2011 година, само неколку месеци пред истекот на важењето на старите документи, кои во 2012 година излегуваат од официјална употреба. Велат дека за поместување на термините никој не ги известил, ниту, пак, знаат кога тоа би можело да стартува.

За разлика од редовната постапка, за итните пасоши состојбата е сосема поинаква. Термин за итен пасош може да се добие за само еден ден!

Според статистиката на надлежното министерство, во изминативе три години се издадени 937.334 биометриски пасоши, 843.319 лични карти и 260.937 возачки дозволи.

Во изминативе години бројката на издадени пасоши се движела околу 800 до 900 илјади, но поради визната либерализација, претпоставките се дека таа сега би можела да достигне до еден милион граѓани што ќе аплицираат за нови пасоши изработени според европските стандарди.

Засега е сосема нејасно уште колку граѓани аплицирале и се' уште чекаат да ги добијат новите документи до 2012 година, со оглед на тоа дека дел од нив, во меѓувреме или нашле заобиколни патишта или платиле двојно повеќе за да ги добијат документите по итна постапка.

Извори од МВР велат дека се' уште се разгледуваат модалитетите и се размислува како да се прочистат списоците од апликанти што имаат нови документи, но се' уште фигурираат со закажани термини.

„Се' уште не е договорено како би можеле да се поместуваат термините и од кога “, вели помошникот министер за информирање во МВР, Иво Котевски.

Според него, се разгледуваат повеќе модалитети за да се изнајде најдоброто решение за што е планирано веќе на почетокот на идната недела да се оствари и средба во Министерството. „Штом ќе се донесе одлуката, ќе ја известиме јавноста“, вели Котевски.

Кошмарот со пасошите што траеше една година, се чини никако да заврши. Метежот спласна, но граѓаните и натаму се незадоволни и се жалат на пропусти во работењето. Иако повиците до Кол-центарот се драстично намалени, скопјани велат дека се' уште се прават пропусти во списоците, па и покрај тоа што аплицирале навреме, кога ќе дојдат пред шалтерите сфаќаат дека се изоставени од списоците. Една ваква грешка граѓаните ги чини многу – закажување нов термин, но овој пат во 2012 година!


#
Статијата е прочитана 4275 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 11.09.2010 12:25:22
ke se odolgovlekuva kolku moze ,za da se vadat pasosi po itna postapka smisleno mu e toa za da se izvlece od narodot maksimum sto moze.....
Од: samoil
Датум: 11.09.2010 12:27:30
Luge mnogu sum sreken sto sum roden vo Makedonija taka da ke izvadam pasosh za edna godina. Si zamisluvam da bev na primer Kinez,Indiec ili pak Rusin cel zivot ke mi pomineshe ke nemav pasosh sigurno tie zakazuvaat vo Kina za dvaeset trieset godi.od koga ke zakazesh Sreken Makedonec
Од: Трпе
Датум: 11.09.2010 16:37:10
Не е лесно да се прошистат списоци за вадење документи или избирачки ��писок,на 2 милијарди народ,со толку мала администрација.А државата мора да работи за личниот интерес,од каде пари за богатење и остварување на проектот 3014.
Од: Simeon
Датум: 11.09.2010 23:21:50
Море каков метеж, имаше гужва. Сите стоеа. Некј од гужва и се гушеа цело лето. Метеж имаше на „Партизанска“, има и на автопат, кадешто летаа со 120, колони возила. Таму беше метежот а не во тоа гужвиштетот за пасоши и лични карти. Да имаше метеж, ќе ги вадевме за неколку часа а не со месеци... Ај научете македонски, мили новинари. Не ни треба „туѓманчиња“ и кај нас, со нови зборови никој што не ги користи. Ниту еден будала на ниедно место не изустил „метеж“ наместо гужва или „паричник“ наеместо новчаник. На македонски се вика или ќесе или новчаник. Нема други зборови. На бугарски на пример се вика портофел. Не постои друг збор, туку користат француски, и покрај сите мајтапи од нашава беда со бугарите, тие си се Европа. Немам приметено дека измислуваат нови зборови по весниците. Е до душа од нив сте научиле да викате „актјор“ дмеке „актер“, наместо глумец... ете и од бугарите нешто сме копирале...
Од: Reket i ucena
Датум: 12.09.2010 07:54:59
Za dobivanje na pasos po redovna postapka ,termin noevri 2011, a za itna postapka se dobiva termin za eden den.Nagradno prasanje: Za sto se raboti? . Odgovor: Ozakonet drzaven reket i ucena.

Најди! во Утрински
Хроника
Се шири истрагата за малолетничка проституција
Фатени тројца разбојници во Скопје
Прилепчанец загина во сообраќајка
Работник настрада во склад
Масовна тепачка во Охрид за песна