Полицијата ја проширува истрагата за синџирот на малолетничка проституција во источниот дел на земјава. По приведувањето на тројца бизнисмени од Штип и од Кочани, во полиција се повикани уште неколкумина бизнисмени за кои ќе се утврдува дали имале сексуални односи со малолетнички под 14 години.
Како што дознаваме, во истрагата која досега ја водеше СВР - Штип, се вклучува и Секторот за трговија со луѓе од МВР, кој ќе се обиде да помогне во расветлувањето на случајот, во кој засега не се знае колку деца и колкумина видни луѓе од градот и околината биле инволвирани.
Случајот беше обелоденет пред неколку дена кога беше приведен 65-годишен штипјанец, кој со подароци и пари намамувал две девојчиња во неговиот стан и имал сексуални односи со нив. Девојчињата проговориле во полиција и за другите мажи со кои се состанувале, а сим-картичките од нивните телефони, треба да ги откријат клиентите на кои биле подведувани. Штипјанецот им плаќал на девојчињата над 3.000 денари, а според досегашните сознанија, ги нудел и на свои пријатели и познајници и во други градови од земјава. (Д.Т.)
Šo pa ste iznenadeni od se voa šo se slučuva i ke se slučuva kaj nas.So proektite "2014" nema opfanato niščo šo ke im pomogne na siromašnite semejstva,a gi ima se poveke,na nevrabotenite,na vrabotenite po 10-12 saata u konfekciite,so plata za gola egzistencija da im posvetat vnimanie,da im obezbedat uslovi na svojte deca.Zabravija se u rušenjeto na humanata strana na opštestvoto i negovoto vlijanie na mladite.Biznismeni,nedokvakani bifši uličari,bez moral,etički normi,hoštapleri,so misla samo kako da pečalat,razbira se,na tugj grb,so neplakanje na davački i pridonesi.Ne ne e hajka na bizniso,na napredoko,ama ja do kaj ja doterame.Droga na sekoj čekor,prostitucija,ubistva,kražbi.Voa li e "poubavio život" u Makedonija,po tranzicijata.Šo napravime i šo praeme za idnite generacii,za idninata na Makedonija."2014"?
Од: ?!
Датум: 11.09.2010 15:06:20
Нашиот капитализам прифатизира се,меѓу кои и личната сопственост во која влегува и душата,преку софистицираниот начин на трансформација на лошотилакот во "нормална работа".Навидум изгледа дека е се по старо.Неморалот како обланда покри се во животот.Денес во групата на "ненормален свет"одпаѓа само мораниот,кој или успешно прави слалом,покривајќи се со рацете пред ударот на"транзициските вредности"кои пристигнаа по пукнувањето на браната,или завршува во прифатилишта,или пак врши самоубиство.Полека но сигурно нормалниот свет ќе изумре.Во тој другиот без репер,се ќе си биде "нормално" до доаѓањето на спасителот.
Не да ги спаси луѓето,тие нема да го повикаат.Да се спаси и испере земјата од гнасотијата кој допрела до преку седумте неба.Во времето кога меѓу многуте луѓе нема да има човек.
Од: Angel
Датум: 11.09.2010 15:50:29
Neznam sto se pravime zacudeni, kako da ne znaeme deka pola srednoskolki se bavat so ovoj "biznis",samo sto se poveke poznati kako "sponzorusi"a ne kako prostitutki.Vo Skopje sekoja vecer stotici biznismeni se zabavuvaat so srednoskolki(koj se by the way maloletni),a za strancite pa da ne zboruvame.Dovolno e da se poglednat i srednite skoli pa ke vidite deka mnogu "ucenicki" posle casovi nasminkani ,vo stikli i minici, vednas gi polnat Skopskite kafici vo potraga po klienti. Ova veke stana "normalno"a ovaa afera so Stipskite "biznismeni"e samo farsa,za pred strancite, bidejki tokmu od stranstvo dobivme opomena deka ovde maloletnickata prostitucija e dostapna mnogu lesno i za eftini pari.