Работник настрада во склад
Во несреќен случај, во близина на склад во Гостивар, вчера напладне животот го загуби Ружди Е.(37) од скопското село Огњанци. Со првичниот увид било утврдено дека работникот бил приклештен меѓу камионска приколка и багер.
Несреќата први ја забележале некои работници од индустриската зона во Гостивар каде што работел Ружди Е. на товарење старо железо. Истражен судија, јавен обвинител и тим од Криминалистичка техника ги утврдуваат околностите и причините за несреќата. (Љ.С.) |