Брoj 2798  сабота, 27 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Спектаклот „Да, и водата гори“ за крај на МОТ

Ова е централниот настан на „Бела ноќ“, во чии рамки ќе има и изложби, концерти и перформанси

Пиротехничкиот спектакл „Да, и водата гори“, со чија изведба вечерва, во 21 часот, на плоштадот „Македонија“, свечено ќе се затвори МОТ, е централната манифестација на „Бела ноќ“, во чии рамки ќе се случат серија изложби, концерти, перформанси, спектакли и модна ревија.

Отворањето, на оваа четврта по ред „Бела ноќ“, ќе биде во 20.15 часот пред Музејот на град Скопје од каде тргнува целата манифестација придвижувајќи се кон централниот настан на плоштадот, каде германската трупа „Фламен“ ќе го изведе пиротехничкиот и акробатски спектакл „Да, и водата гори“. Станува збор за получасовен атрактивен перформанс со 8 актери – акробати во чиј фокусот се водата и огнот, и начинот како да се зближат овие две спротивни сили.

Во случај на неповолни временски услови сите манифестации во рамките на „Бела ноќ“ предвидени на отворен простор, освен спектаклот „Да, и водата гори“ и полноќната ревија ќе бидат префрлени во затворен простор. Влезот на сите настани во рамки на манифестацијата ќе биде слободен. (Л.М.)


Статијата е прочитана 156 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Повреда на актер ја одложи премиерата на „Мара/Сад“
Кабинетот на министерката за култура се претстави пред новинарите
Верувам дека најдобрата книга ќе ја освои „Балканика“
„Браќа Манаки“се отвора со „Другата сестра Болејн“
Поддржан Предлог-законот за Старата скопска чаршија
Изложби на „Бела ноќ“ во МКЦ и во „Мала станица“