Поддржан Предлог-законот за Старата скопска чаршија
Членовите на Комисијата за култура при републичкото Собрание, вчера едногласно го подржаа предлогот за донесување закон за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, кој пред пратениците ќе се најде на седница закажана за 6 октомври.
Законот, меѓу другото, предвидува редефинирање на вредностите и границите на Чаршијата како заштитена споменична целина, вклучувајќи го и определувањето на нејзините контактни зони што сега не постојат. (К.Р.) |