Брoj 2798  сабота, 27 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Браќа Манаки“се отвора со „Другата сестра Болејн“

На свеченото отворање ќе биде доделена „Златна камера 300“ на израелскиот режисер Менахем Голан

Со британскиот филм „Другата сестра Болејн“ на Џастин Чедвик, вечерва во 19,30 часот, во Домот на културата во Битола, свечено ќе се отвори 29. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Чинот на отворањето ќе биде збогатен со доделувањето на едната од трите специјални награди „Златна камера 300“, која ќе му биде врачена на израелскиот режисер и продуцент Менахем Голан, кој воедно е и член на фестивалското жири. Во негова чест, по филмот на отворањето, од 22 часот, ќе биде прикажан филмот „Операција молња“. Инаку, покрај Голан, добитници на останатите две специјални награди „Златна камера 300“ се рускиот режисер Карен Шахназаров и ексјугословенскиот режисер Вељко Булаиќ, додека добитник на традиционалната награда „Златна камера 300“ за животно дело е водечкиот бразилски и светски кинематограф, фотограф, режисер и сценарист Валтер Карваљо, кој досега снимил над 60 играни филмови, режирал четири, и е добитник на бројни фестивалски награди.

Она што го карактеризира овогодишното издание на „Браќа Манаки“, покрај збогатената програма со над стотина филмски наслови од новата светска и домашна филмска продукција, е фактот што фестивалот годинава за првпат е организиран во два града - Битола и Скопје.

Во рамките на фестивалот, кој ќе се одвива под мотото „Вива ил чинема“, а ќе трае до 4 октомври, ќе се реализираат шест програми. Во официјалната натпреварувачка програма, чиј селектор е Благоја Куновски, избрани се десет играни филмови снимени лани или годинава: бразилскиот „Елитна група“, американскиот „Јас не сум таму“, кинескиот „Внимание, страст“, италијанскиот „Гомора“, српскиот „Четвртиот човек“, францускиот „Јулија“, белгискиот „Тишината на Лорна“, шведскиот „Кралот на пинг-понгот“, данскиот „Што никој не знае“, германско-руско-казахстанската копродукција „Тулпан“, рускиот „Заробеник“ и турскиот филм „Три мајмуни“.

На фестивалот, по три години пауза, повторно се враќа програмата „Балканика“, чиј селектор е Никола Мадиќ, а во нејзини рамки ќе бидат прикажани шест филмови од регионот. Годинава се воведува документарна програма, која, по избор на селекторката Евгенија Теодосиевска ќе бидат прикажани 13 најнови филмови. Документарната програма е насл��вена „Верите Нуово“, а ќе ја отвори контроверзниот турски филм „Другото лице на Истанбул“. Во програмата „Кратки филмови“, пак, чиј селектор е Игор Иванов-Изи, ќе бидат прикажани 18 филмови, додека за „Студентската програма“, чиј избор на филмови го направија Диме Попов и Борјан Зафировски, се селектирани 30 филмови.

На фестивалот ќе бидат прикажани и неколку филмови во чест на наградените автори, а ќе има и програма за промоција на македонските автори-Столе Попов и најстариот жив фотограф во земјава Благоја Дрнков, кому, покровителот на фестивалот, претседателот Бранко Црвенковски, ќе му додели специјален медал за заслуги.

Меѓународното жири оваа година е предводено од Кристијан Бергер, кинематографер од Австрија, a членови се Менахем Голан, режисерот Столе Попов од Македонија, кинематограферката Су Гибсон од Англија и Иван Фењо, актер од Унгарија. (Л.М.)


Статијата е прочитана 141 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Повреда на актер ја одложи премиерата на „Мара/Сад“
Кабинетот на министерката за култура се претстави пред новинарите
Верувам дека најдобрата книга ќе ја освои „Балканика“
Спектаклот „Да, и водата гори“ за крај на МОТ
Поддржан Предлог-законот за Старата скопска чаршија
Изложби на „Бела ноќ“ во МКЦ и во „Мала станица“