Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Политика

Азилантскиот бран стигна до ЕП

Група европарламентарци прашаа што прават Македонија и Србија за да нема злоупотреба на безвизниот режим

Европскиот парламент расправаше за спроведувањето на визната либерализација од страна на Македонија, Србија и Црна Гора, во пресрет на почетокот на укинувањето визен режим од страна на ЕУ за уште две земји од регионот, Албанија и Босна и Херцеговина.

Дискусијата ја поведоа група европарламентарци од десницата што побараа информација како земјите што лани добија визна либерализација, пред се', Македонија и Србија, ја спроведуваат либерализацијата и дали ги преземаат сите мерки за да се спречи нејзина злоупотреба. Пратеничкото прашање следуваше како реакција на вклучувањето аларм во неколку земји од Европската унија, меѓу кои Германија, Шведска и Белгија, на повеќекратното зголемување на бројот баратели на азил од Македонија и од Србија по укинувањето на визите.

Во прилог на тоа оди и последното враќање на полн авион баратели на азил од Германија, во неделата, на кои германските власти им ги одбиле барањата.

Европската десница изминатите месеци беше најгласна во критиките за злоупотребата на визниот режим од страна на двете држави, со укажувања дека мерките што ги преземаат властите не се доволни. Тие во неколку наврати бараа властите подобро да ги информираат граѓаните што значи визна либерализација и да преземат, пред се', економски мерки со кои ќе ги одвратат граѓаните од емиграција и барање азил во европските држави. Некои од пратениците изминатите месеци отворено говореа и за враќање на визниот режим за Македонија и за Србија.

Еврокомесарот за правда и внатрешни работи, Сесилија Малстром, на прашањето од европратениците одговори дека земјите „треба да преземат соодветни мерки за да нема злоупотреба на системот“. Таа рече дека биле преземени соодветни мерки за соочување со ситуацијата, како и тоа дека и властите на двете земји презеле одредени мерки, а предвидени се и нови кампањи за информирање и запознавање на граѓаните што значи безвизен режим. Според Малстром, првата официјална процена на безвизниот режим ќе биде направена во јуни 2011 година. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 722 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 15.12.2010 21:21:16
maked i srb mora da im dadat na nevrabotenite povisoka socijala ili mak i srb nikogas nema da vlezat vo eu a i vizite ce gi vratat tie romi ziveat vo beda vo maked socijala mora vo mak mora da bide na nivo na eu znaci od prosecna plata bar 50% t.e. 10000den za familija. isto bes i so ramanija i nalozija da digne socijala ili nema eu sega romite od rom ne barat azil tuku kradat i prosat toa e toa.

Најди! во Утрински
Политика
Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Кавгаџиите од ВМРО-ДПМНЕ добија сдсмовска конкуренција
Канческа се брани - не земала хонорари
Борците навредени од Груевски
Промовирано списанието „Правен дијалог“
Два скопски центри за дијализа под концесија
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu