Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Политика

„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!

Заседанието покажа дека пратениците не само што го допреа дното туку ископаа и неколку метри под нивото

Оливера Војновска

До каде може да се спушти нивото на комуникација и имаат ли граница примитивизмот и ниските удари како неизоставен дел од македонската политика? Заседанието за распуштање на парламентот, кое се развлече до раните утрински часови и беше прекинато за да не резултира со уште еден циркус, за жал, покажа дека нашите политички претставници не само што го допреа дното туку и ископаа неколку метри под нивото. Освен навредливи зборови, етикетирање и огромна доза на патетика и на загриженост за судбината на народот и иднината на Македонија, не слушнавме аргументи „про“ и „контра“ предвремените избори. Но, дефинитивно, стана јасно дека е најдобро наместо да чекаат директива од партиските централи, доброволно да ги вратат мандатите и да се самораспуштат!

Собраниската говорница стена од купиштата навреди рафално искажани во надојдениот порив за омаловажување. Пратениците целосно се заборавија. Се конфронтираа на лична основаа и притоа воопшто не се избираа зборови за да се понижи противникот. Дури и по цена на таков начин да се избламираат себеси, а пред се', институцијата што ја претставуваат.

Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ за да ја расчисти дилемата зошто нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ Васко Шутаров се плаши од избори, директно го праша каде му е храброста, а веројатно, за да го засили впечатокот имаше и потпрашање: „Да не ви треба здолниште?“.

На Бендевска изгледа не и' се допаднаа поговорките што ги раскажа Шутаров за да објасни зошто СДСМ се плашел од избори. „Во тенџере вари, од капакот јади. Вие сакате во капакот да варите, а од тенџерето да јадете“. „Не почнувајте игра на мачка и глушец се' додека не сте сигурни дека не сте престанале да бидете глушец“. „Во Босна велат - оди во џамија помош да бара, а во прегратки прасе им носи“. Точно така, ќе констатира Шутаров, „ барате избори, а се плашите од избори како ѓавол од крст“.

Неговата партиска колешка Анета Стефановска во нејзиниот добро препознатлив манир и' се обрати на Бендевска: „Почитувана госпоѓо Бедовска, односно Бендевска, се извинувам...“

Трагикомичната претстава во Собранието немаше да биде целосна без Амди Бајрам. „Легенрадниот“ пратеник од Сојузот на Ромите прво на СДСМ им кажа дека бадијала блефираат дека сакаат предвремени избори и им откри дека од сигурни и проверени извори го знае точниот датум на одржување на парламентарните избори: на 2.2.2012 година! Потоа, онака како што само тој знае, в лице им кажа дека не ги бива! Дури и да има предвремени избори повторно убедливо ќе изгубат, бидејќи немаат рејтинг меѓу народот. Како пример за илустрација го зема потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули, кој според него, „ е одвратна личност која никој не ја познава“. Но, тоа не беше се'. Бајрам излезе со конкретен предлог до Макрадули: „ Да се обложиме дека доколку сега излеземе на улица, мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој. Јас сум за тебе кока-кола“!

Спикерот Трајко Вељаноски по 14-часовна расправија утрото во еден часот ја прекина седницата. Продолжението беше најавено за вчера попладне во 16 часот. Исходот е извесен – владејачкото мнозинство е против вонредни парламентарни избори. Неизвесно е дали пратениците ќе дојдат на седница со студени глави или следува ново продолжение од циркузијадата „распуштање на Собранието“.


#
Статијата е прочитана 3984 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 15.12.2010 12:07:27
Iiiiiii sega znam! Zosto kutroto nase drzaviche ne mrdna ni milimetar otkako izlzeze od YU. Toa si imalo problem so glavata pardon vlasta, pratenicite. A njamnogu so nas koi si zaminavme na vreme ne za pari, ne za slava, tuku begavme od makedonskiot mentalitet!
Од: 3G
Датум: 15.12.2010 12:44:21
So pomos na zdolnista Berluskoni odbi izbori protiv 311 pratenici a ovie so 18 se pigruvaat so mnozinstvoto od 80 pratenici
Од: Обсервантес
Датум: 15.12.2010 12:44:57
Утрински, можеби сте и во право кога (можеби несвесно), расправата за распуштање на Собранието во последниот пасус ја нарекувате „расправија“.
Од: Kole
Датум: 15.12.2010 12:45:49
"Да се обложиме дека доколку сега излеземе на улица, мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој."- Go znaete li ona Svi poznaju majmuna a mjmun nikoga.
Од: Biba
Датум: 15.12.2010 13:25:52
Smetam deka dnoto e dopreno od strana na pratenicite od opozicijata uste so samata nivna pojava vo zolti maici na mesto koe pred se e zakonodaven dom vo koj vazat pravila podednakvo za site, no nekoi ocigledno toa ne go razbiraat.
Од: Dejan
Датум: 15.12.2010 14:14:55
Па и не е далеку од вистината. Амди меѓу ромите има поголем рејтинг од БЦ меѓу македонците. А дека е скопска фаца ДА, за разлика од битлскиот "дошљак у велики град."
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 15.12.2010 15:37:08
Bas taka, prav cirkus vo Sobranieto,a se samo za nesto sto znaat deka nema da bide. Vo pravo e Amdi Bajram, nitu Makraduli nitu bilo koj od opozicijata nema dobar rejting nitu pak e pocituvan od narodot.Pa ni Branko ne e takov brend(Koka KOla) kaj narodot.
Од: todor
Датум: 15.12.2010 16:50:08
Затоа не треба да се гласа за листа туку за име и презиме. Тогаш ќе знаеме кого избираме, а овака и простаци ни ставаат на листите.
Од: deli
Датум: 15.12.2010 18:21:48
Ima edno zborče..."kinderstube"...
Од: maxi246mkd
Датум: 15.12.2010 20:41:26
Da dade gospod uste sto godini amdi da ni bide vo parlament posto nisto podobro ne sme zasluzile
Од: blagica
Датум: 15.12.2010 22:39:41
Saka da mu kaze jas sum za tebe brend, a ti koj si nikoj i nisto, stalno pravis cirkus na sednicite, a pogolem cirkus od vas site vo paket nema.Raspustanje na parlamentot nema da ima , a i zasto da ima koga nema dostojni luge od vasata "ceneta" partija da zastanat i da ja vodat drzavata.
Од: pravda
Датум: 16.12.2010 01:29:42
ako gi poglednete komentarite ovde neka ne ve cudat prtaenicite i nivnite govori pa neli sme ist narod
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 16.12.2010 01:54:29
Galen,Licen,Bricen i Mazen vo Bit Pazar? PS Eden narod ima Takva Vlast, kako sto i narodot zasluzuva. Za da bides glas-pratenik vo Drzavotvornite Institucii,Ti si ogledalo na sredinata sto te izabra. Vo site moderni ustavi propisan e i kriterijum.Dali vo ustavot na RM pisuva,il treba da se napise, koi se tie kriterijumi za da bides pratenik vo parlament,sto odlucuva,za Subonosni Odluki na eden narod;Glad ili Leb, Mir Ili Rat. Kriterium treba da bide! Kriminalen rekord,visoko poznavanena na pravniot sistem,osnovite na Ustavnoto Ureduvane i Pravo,Osnovna Teorija na Drzavotvornost,Istorija na poli nacionalna drzava i nejzinite obvrski.Eee dodeka ne se vovede, eden vakov kriterium ne treba ,da ne cudi ,ako imame i vakvia pratenici!
Од: Mirko
Датум: 16.12.2010 05:30:53
Vistina e Amdi,
Од: ljube
Датум: 16.12.2010 09:49:45
A sto moze da se ocekuva od Ministeri so Osnovno obrazovanie (za denesno vreme moze da se rece i NEPISMENI)
Од: Зоки
Датум: 16.12.2010 11:38:57
Ех Дејане, Дејане. Тешко и се пишува на оваа држава кога стигна Амди да биде „фаца“ у Скопје. После ова разбирам како може да ви се допаѓа кичот наречен „Скопје 2014“, проектот кој на г.Бајрам ќе му овозможи во центарот на македонската метропола да се чувствува како да е во родната Шутка. Поздрав
Од: Biljana
Датум: 16.12.2010 11:45:16
E alal vera na takvata vlast koja Amdi Bajram ja brani, ha, ha, ha, nivoto e evidentno, ponisko ne moze da bide!

Најди! во Утрински
Политика
Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави
Кавгаџиите од ВМРО-ДПМНЕ добија сдсмовска конкуренција
Азилантскиот бран стигна до ЕП
Канческа се брани - не земала хонорари
Борците навредени од Груевски
Промовирано списанието „Правен дијалог“
Два скопски центри за дијализа под концесија
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu