|
|
|
|
|
|
Борците навредени од Груевски
Учесниците во НОВ се навредени од премиерот Никола Груевски, кој го споредил маршот на СДСМ со доаѓањето на комунистите на власт. Скопскиот одбор на СБМ реагира дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ го минимизира нивниот придонес за извојуваната слобода на македонскиот народ.
Според борците, „врв на таа негативна оцена за победоносната НОБ е изјавата на премиерот, по протестниот марш за одбрана на демократијата, дека СДСМ ги напаѓал институциите за насилно уривање на власта и оти тоа не ги изненадило, бидејќи тие биле наследници на КПМ, а се знае како комунистите дошле на власт, алудирајќи дека тоа е сторено со терор и насилство“.
„Ваквиот став го навредува секој учесник во НОАВМ. Тоа не може да биде став на одговорен политичар. Веруваме дека тоа не е став и на голем дел членови на неговата партија, бидејќи и нивните татковци и дедовци учествуваа во таа тешка борба“, се наведува во реакцијата на Дебатниот клуб на СБМ. |
#
|
Статијата е прочитана 1223 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Едно прашање |
Датум: 15.12.2010 12:47:12 |
|
Почит до борците, но дали сите борци во НОБ беа комунисти? |
|
|
|
|
|
|
Од: Bibe |
Датум: 15.12.2010 13:15:17 |
|
Ja citam statijava i se prasuvam pa dali ima pole kade opozicijata ne mesa prsti, pa duri i so gragani penzioneri so koi izgleda i e najlesno da manipulira za da moze potoa da se davaat vakvi izjavi "od strana" na penzionerite zalosno... |
|
|
|
|
|
|
Од: KPJ |
Датум: 15.12.2010 13:22:50 |
|
Се знае како дојдоа комунистите на власт.Со победа над бугаро-фашистите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Еден одговор |
Датум: 15.12.2010 14:16:23 |
|
Главно да,вмровците беа во бугарската фашистичка војска! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 15.12.2010 19:35:48 |
|
Сосема накратко за борците.Секоја чест и почит за стореното,но не се само тие,мислам на комунистите заслужни,имало и голем број на патриоти кој не биле комунисти а биле антифашисти.И на крајот никогаш не чувме или прочитавме за црните петна нивни.Па затоа нека го читаат тукашниот фељтон за Струмичките студенти,а може и за Велешките ѕверски убиени интелектуалци и видни граѓани. |
|
|
|
|
|
|
|
|