Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Политика

Промовирано списанието „Правен дијалог“

Европската конвенција за човекови права теоретски се прифаќа дека е извор на домашното право, но се' уште малку се користи, беше речено на вчерашната дебата на која беше промовирано списанието „Правен дијалог“. Независното судство, процесот на денационализација, правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и неговата заштита, правото на жалба во управен спор се дел од темите опфатени во првото издание на списанието,што вчера го промовираше Институтот за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Основна идеја, според судијата Маргарита Цаца-Николовска од Институтот за човекови права, е да се презентираат размислувањата и да се направи дискусија за актуелни теми што ги засегнуваат правата и слободите на граѓаните во Македонија. „Правните написи играат голема улога во развојот на демократските процеси во секое општество и преку нив влијаеме врз развојот на правната мисла и практика, како и нивниот квалитет“, смета Цаца-Николовска, додавајќи дека критичкиот пристап во Македонија последните години е значително намален.

Намерата на Институтот, како што појасни, е преку правниот дијалог да се искажат ставовите, да се дадат продуктивни забелешки по одредени актуелни правни прашања и законски новини, со што ќе се придонесе за зголемување на конструктивната дискусија во правната сфера.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Хозе-Луис Хереро, истакна дека кога дошол во Македонија неговите претходни колеги му пренеле многу песимистичка ситуација, при што рече дека не може да се согласи со нив. „Компаративно мислам дека државата и не е толку лоша. Основите се веќе поставени, а дури и повеќе од тоа, што значи институциите, правната рамка и луѓето. Потребно е подобрување, но сите се тука, сите постојат најмногу и соодветно“, рече амбасадорот на ОБСЕ во Скопје.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, зборувајќи за обврските што ги има неговата институција, потсети дека освен што ги штити правата на граѓаните, исто така, и' помага и на администрацијата, односно го намалува јазот меѓу нив. (П.Р.)










#
Статијата е прочитана 403 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Кавгаџиите од ВМРО-ДПМНЕ добија сдсмовска конкуренција
Азилантскиот бран стигна до ЕП
Канческа се брани - не земала хонорари
Борците навредени од Груевски
Два скопски центри за дијализа под концесија
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu