Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Политика

Кавгаџиите од ВМРО-ДПМНЕ добија сдсмовска конкуренција

„Опозицијата да не наседнува и да не до��воли повторно да се фрла целата вина врз парламентот“, советуваат поранешни пратеници

Александра М. Митевска



Да се случуваше оваа расправа за распуштање на парламентот пред две и пол години, премиерот Никола Груевски ќе имаше поцврсти аргументи за прифаќање на иницијативата за предвремени избори. И вакви коментари може да се слушнат меѓу упатените откако завчера заврши нерешено првиот дел од дебатата во која пратениците се натпреваруваа кој поголема навреда ќе му каже на колегата од другата редица. Да не беше напишан извештајот на ЕК за годинава, пак, во него можеби ќе се најдеше уште една неповолна констатација за парламентот, покрај веќе напишаните, како на пример, за „напнатата политичка клима“ или за „потребата за зголемување на довербата меѓу политичките учесници“.

Законодавниот дом по втор пат во изминатите три години расправа за самораспуштање, со таа разлика што во 2008 година за владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше прифатлива идејата за предвремени избори, при што партискиот лидер Груевски се повика на нефункционалност на парламентот и на отсуство на дијалог меѓу парламентарните партии. Но, овој пат, иако повторно летаат искри меѓу пратениците од спротивставените табори, на власта не и' е до избори. Сепак, и без тоа, Собранието од поодамна е претворено во предизборна арена. Или, како што вели поранешниот прв парламентарец и долгогодишен пратеник, Никола Поповски, како што наближуваат изборите, така и ќе паѓа се' пониско нивото на дебатата во парламентот. Така било секогаш. Затоа, додава тој, и се препорачува парламентот да не заседава откако ќе се распишат изборите. Но, сега се' уште е многу рано за тоа.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш настапувале прилично кавгаџиски, со реторика под потребното ниво. Но, во последно време очигледно е дека и социјалдемократите се адаптираат на тој стил. Притоа не верувам дека таквите настапи произлегуваат од самата пратеничка група, туку мислам дека се диктирани од ’Бихаќска’“, вели Поповски.

Еден поранешен пратеник, пак, посочува дека овој парламент е специфичен по тоа што дебатата во него, главно, ја водат „аутсајдери“, односно личности без посериозен политички багаж, така што поквалитетните парламентарци не можат да дојдат до израз. Освен тоа, евидентна е тенденцијата на пратениците да им се додворат на партиските врхушки што не се во парламентот за да би можеле да се изборат за уште еден мандат.

Поранешниот потпретседател на парламентот, Слободан Најдовски, кој повеќе години помина во пратеничките клупи, пак, посочува дека и ироничниот однос на спикерот Трајко Вељаноски кон опозицијата неретко е причина за спуштање на нивото на дијалогот меѓу пратениците. Сепак, вели Најдовски, законодавниот дом мора да си го зачува дигнитетот и не смее да дозволи повторно да биде посочуван како главен генератор на проблемите во државата, бидејќи е јасно дека проблемите произлегуваат од Владата. „На ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски можеби им одговара очите да бидат вперени во парламентот за да се оттргне вниманието од потезите на Владата. Но, опозицијата не смее да наседнува на такви местенки и да дозволи повторно сета вина да се фрла врз Собранието, како што направи Груевски во 2008 кога реши да оди на избори“, објаснува Најдовски.


#
Статијата е прочитана 1742 пати.

Испрати коментар

Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 15.12.2010 12:41:44
Ne znam koi se kavgacii, dali SDSM ili VMRO-DPMNE. Pa neli vidovte vcera koj kogo go narekuvase maloumnici i slicno.A toa dali socijaldemokratite se adaptirale ili tie go koristat toj stil na rasprava znaeme uste od porano a ne od vcerasnata sednica.Vo 2008 se sprovedoa predvremeni izbori poradi nefunkcionalnost na parlamentot i otsustvo na dijalog megju partiite, da toa e tocno. Megjutoa sega postoi nesto drugo a toa e netrpelivosta na opozicijata i nejzinata zelba za vlast.
Од: komentator
Датум: 15.12.2010 13:12:53
Сите го знаеме менталитетот и вокабуларот (уличен-што впрочем го чинеа мнозинството пратеници на оваа партија )на пратениците на ДПМНЕ од самиот почеток на парламентарната демократија во Македонија па се до денес .Мегутоа самите тие тоа го сваќаат како право само за нив и доколку некој се дрзне да им врати на истиот начин веднаш реагират жолчно и со закани од тужби .Што е и најинтересно некој од народот тоа го коментираат како “па на нив им личи ,ама на СДСМ не им личи ,оти тие биле културни и не треба да се симнат на нивно ниво”. Па нели гледате бре луѓе тие друг јазик и не познават , а за жал се прашувам што и се случи на Македонија? Па дури народот почна да го цени и подржува тој начин на комуникација и на крајот ги наградува што значи ги стимулират на таков меѓусебен однос,НИСКО!!!
Од: љубица
Датум: 15.12.2010 14:03:13
,,Кавгаџиискиот'' стил на обраќање отсекогаш ни бил препознатлив за опозиционите престставници, и, зар секогаш да се држи власта до поговорката дека ,,паметниот попушта''? Прилично долго се оставаа да се произнесуваат користејќи пролитени фрази и сокачарски изрази кои им беа оружје против ривалската партија, но и тоа не ги спаси ... Тактиката :нападни- па бегај не е интересна веќе ни во детските игри, а камоли за политичката сцена .... Што ли уште има да се види во рингот?
Од: Трпе
Датум: 15.12.2010 14:12:06
Порано екс министерот го сметав са паметен и способен министер за финанси.Но на крај излегува дека тој направи мечкина услуга на својата партија.Поради неговото ,под изговор домакинско однесување кон државната каса,ја предаде власта и парите на детската дпмнеовска блада.Ќе му препорачам под хитно да се зачлени во владеачката партија а тие да му изразат голема благодарност и членската книшка да му биде со број 1 .
Од: Vasko
Датум: 15.12.2010 14:14:03
Arogancijata sto ja imaat clenovite na SDSM ke gi unisti do kraj. Glupavi se ne svatija do sega deka narodot takvi luge ne saka. Smenete bre nesto vo vaseto odnesuvanje. So isti finti nisto nema da napravite.
Од: Malinka
Датум: 16.12.2010 05:53:08
A koi se tie " AUTSAJDERI " a koi se tie pratenici so pogolem "POLITICKI BAGAZ" ? Zarem ne se site isti i izbrani od narodot?Tocno e deka treba promeni vo vokabularot no poveke od potrebno e i promena na Izborniot Zakonik i site pravila od izbor do vreme traenje na mandatite na site oficijalni lica vo Makedonija od Pratenici do izvrsiteli na drugi pogolemi ili pomali drzavni funkcii.Samo taka ke se dojde do pogolem kvalitet na zakoni a sigurno i na Pratenici koi vo vistinska smisla na zborot ke bidat NARODNI.Sala na strana no veke preteravte G-da Pratenici sepak imajte malku doblest ,samokriticnost i pocit sprema nas - lugeto koi vi go dadoa svojot glas , lugeto od koi jadete leb.
Од: marjan.pp
Датум: 16.12.2010 08:18:49
toj mu ostavi polna kasa pari,a tale geramitcioski 60 mesta vo obrazovanie vo prilep,pogolemi predavnici a m i n

Најди! во Утрински
Политика
Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Азилантскиот бран стигна до ЕП
Канческа се брани - не земала хонорари
Борците навредени од Груевски
Промовирано списанието „Правен дијалог“
Два скопски центри за дијализа под концесија
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu