Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Политика

Два скопски центри за дијализа под концесија

Два скопски центри за дијализа, Министерството за здравство планира да ги даде под концесија на 15 години. Тендерот за концесионерство треба да биде распишан за околу шест месеци, а концесионерите треба да бидат назначени во втората половина на идната година. Министерот за здравство Бујар Османи вчера најави дека моделот на јавно приватно партнерство ќе започне со центрите за дијализа во Чаир и во Аеродром. Тој не обелодени дали тоа е објектот на Клиниката за ортопедски болести, или популарно познатиот Мајчин дом, или во прашање се сосема два нови центри.

За да нема пропусти во моделот на јавно приватно партнерство чии пионерски чекори ќе бидат во овие два скопски центри, Министерството за здравство планира да ги ангажира стручњаците од Светска банка, кои веќе имаат искуство во концесионерството и давање консултантски услуги. „Тие ќе работат на дефинирање на критериумите за издавање на државните објекти под концесија, со што и полесно ќе може да се дојде до цената на една дијализа. Консултанските услуги ќе бидат бесплатни“, рече министерот Османи. А договор за советодавни услуги пред околу еден месец Министерството за здравство склучи со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). ИФЦ на Министерството за здравство ќе му помогне во структурирањето и во спроведувањето на транспарентна тендерска постапка со цел анимирање на реномирани компании од земјата и од странство за нивно вклучување во проектот. Тендерската постапка ќе се спроведе со здружени средства од ИФЦ и Министерството.

Во Скопје веќе има еден центар за дијализа по принципот на јавно приватно партнерство. Тоа е центарот „Дијамед“ во општината Ѓорче Петров, каде што објектот и апаратите се на приватен инвеститор, а државата му плаќа на центарот за дијализата на пациентите. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Кавгаџиите од ВМРО-ДПМНЕ добија сдсмовска конкуренција
Азилантскиот бран стигна до ЕП
Канческа се брани - не земала хонорари
Борците навредени од Груевски
Промовирано списанието „Правен дијалог“
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu