|
|
|
|
|
|
Канческа се брани - не земала хонорари
Министерството за култура ги демантира тврдењата на СДСМ
Министерството за култура вчера категорично ги демантираше тврдењата на СДСМ дека министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во периодот кога била државен секретар, за членство во комисии што одлучувале за дел од проектот „Скопје 2014“ земала серија хонорари во висина од по 40.000 денари. Според кабинетот на Канческа-Милеска, таа по нејзино барање одлучила да се изземе од соодветните надоместоци, и покрај желбата на тогашниот министер за култура Арификмет Џемаили да ги награди членовите на комисиите.
„Постојат и документи со кои се потврдува дека Елизабета Канческа-Милевска ги вратила средствата во касата на Министерството за култура и документи од Агенција за авторски договори со кој се потврдува дека Канческа не примала никаква хонорари и додека била министерка за култура“, се вели во вчерашната реакција од Кабинетот на министерката, од каде што потенцираат дека токму таа е првиот министер, кој го укина надоместот за членувањето во разни комисии. Од Култура информираат дека доставиле уште една тужба за Игор Ивановски за изнесување лаги и невистини.
Од СДСМ, пак, вчера ја прашаа министерката зошто ако не сакала да ги прими парите воопшто тоа го сторила, па потоа ги вратила. „Зошто ако ги примила средствата на трансакциска сметка не ги вратила на ист начин, на жиро сметката на министерството за култура? Земајќи предвид дека на налозите ‘каса прими‘ со кои мафташе нема никаков архивски деловоден број и датум, дали тоа значи дека министерката по нашата прес-конференција во паника, на врат-на нос, ги обезбедила налозите?“ запраша вчера Ивановски, кој побара овој случај свој став веднаш да даде Антикорупциската комисија. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 758 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 15.12.2010 12:42:43 |
|
Dobro de, ne mozevte da perete pari na drugo mesto? Na primer da investiravte vo zeleznicata, da ja povrzevte Makedonija, da kupevte novi vozovi. Em nie ke videvme air em i vie ke zemevte nesto! Ili tamu e potesko? A za gorespomenatata "kulturna" g-ga nemam kmentar. :) |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 15.12.2010 12:43:22 |
|
Не земала а враќа со каса прими,,,,,,,,,,,,,.Па што враќала ако не земала.Аманте бре барем молчете и терајтеси.Додека има овци стрижете. |
|
|
|
|
|
|
Од: veron |
Датум: 15.12.2010 13:06:02 |
|
Jas mu veruvam na ministerkata .....aha !!!!!!mi zastana koska vo grloto |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 15.12.2010 13:52:40 |
|
Dali vo ministerstvoto kade sto se primeni parite toa e zavedeno? Na koj datum? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 15.12.2010 14:22:10 |
|
Сигурно министерката не земала пари лично за себе.Таа земала пари за партијата.Само што тие пари ги носела во нејзината машина за перење пари од марката"Култура"koja " која доста квалитетно перела.Разбира се парииии.... |
|
|
|
|
|
|
Од: zevzekman |
Датум: 15.12.2010 16:28:46 |
|
da se zabranat kesh pari, da vidam sto ke praat politicarite, advokatite , popovite, doktorite i dr.... |
|
|
|
|
|
|
Од: pravda |
Датум: 15.12.2010 23:33:43 |
|
A Feliks go nema da komentira,cudno na site drugi statii komentiral a,ovde??? |
|
|
|
|
|
|
|
|